Пишува: Слободан ТОМИЌ
Кога ЕУ порача дека проширувањето ќе мора да почека ,сè додека самата Унија не се реформира, Македонија не треба да чека во редица како гладен ученик пред мензата на Брисел.
Зашто, колку повеќе чека, толку повеќе се лади „европската чинија”, а иднината на Македонија се одложува во недоглед.
Наместо тоа, со посетата на премиерот Мицкоски на Обединетите Арапски Емирати, Македонија отвори нов прозорец кон светот, надвор од догмата на една евроцентрична геополитика.
Ова не беше само формална дипломатска тура ,ова беше стратешки потег.
Нешто што го прават лидери со визија, особено кога гледаат дека ЕУ е во фаза на внатрешна реставрација, а Балканот не е повеќе прв на листата на приоритети.
Нова геополитичка архитектура: Македонија меѓу Блискиот Исток, САД и Турција
Мицкоски изгради една тивка, но мудра геополитичка траекторија:
Прво: Отворање кон администрацијата на Доналд Трамп, со јасни пораки за заедничка борба против бирократскиот глобализам.
Потоа: Посета и продлабочување на врските со Турција, со што покажува дека не се плаши од мултивекторна надворешна политика.
Сега: Обединетите Арапски Емирати – симбол на новиот, моќен, но прагматичен Блиски Исток.
Ова не е импровизација. Ова е реална стратегија за „алтернативна интеграција” , додека Европа води внатрешна психотерапија за сопствениот идентитет, Македонија гради мостови со сили кои се гладни за партнерства, трговија, инвестиции и влијание.
Што значи оваа посета?
Економија и инвестиции: Потпишани се меморандуми за соработка, се отвораат директни летови, се дискутира за туризам, земјоделство, коридори, па дури и дигитална економија.
Македонија не бара милостина , таа се нуди како партнер што знае што сака.
Политичка поддршка: Блискиот Исток не е само нафта и песок – тој е нов политички играч на глобалната сцена. Да се има пријателство со ОАЕ денес, значи да се биде дел од новиот светски геоекономски баланс.
Стратешко позиционирање: Со поврзаност кон Турција, Емиратите и Трампова Америка, Мицкоски креира алтернатива на длабоката држава на Сорос и евроатлантските бирократи кои 20 години ја третираат Македонија како геополитички експеримент.
А што прави опозицијата?
Заевизмот, во својата нова хибридна верзија, се обидува да гради „вавилонска кула” со 88 ката во бизнис-мракот, додека неговите сателити како Таравари или рецидивите од СДСМ уште се колебаат меѓу квази-соработка со ВЛЕН и флерт со неомарксистичките идеи на Али Ахмети и Села.
Тоа е стар политички холограм кој повеќе не функционира – народот го чувствува тоа.
ЕУ? Или „бриселска карбонада” во реструктурирање
Кога Германија излезе со јасен став: „прво реформи, па проширување” – тоа беше еуфемизам за „нема ништо од вас уште 20 години”.
А Франција?
Таа одамна го насочи погледот кон Северна Африка преку Медитеранската унија.
И што останува за Македонија?
Да се затвори во конзерва, како што секогаш велам, и да полуди чекајќи на бирократски протоколи?
Не!
Македонија прави правилно ,се отвара кон светот, но на свои нозе и со своја волја.
Резиме: Македонска геополитика во сопствени раце
Премиерот Мицкоски покажа дека Македонија не е повеќе заложник на ниту еден центар на моќ.
Напротив – таа станува активен чинител, самостоен партнер и глас што се слуша.
Посетата на Абу Даби е ПОКАЗАТЕЛ!

