Денес се празнува Светиот пророк Агеј

Роден е во Вавилон, за време на робувањето на Израилот, од племето Левиево. Пророкуваше 470 години пред Христа. Како млад го посети Јерусалим. Ги поттикнуваше Зоровавел и свештеникот Исус да го обноват храмот Господов пророкувајќи му на тој храм поголема слава од поранешниот храм Соломонов. „Славата на овој последен храм ќе биде поголема отколку на […]

Повеќе

Недела на светите Праотци,две недели пред Рождеството Христово

Во овој ден Црквата го одбележува споменот на светите Праотци, односно сите древни родоначалници на богоизбраниот народ – Израилот, и нивните потомци, почнувајќи од Адам, вклучувајќи ги Сит, Енох, Ное, Авраам, Исаак, Јаков па сè до Јосифа Обручник, коишто го очекувале доаѓањето Христово. Помеѓу ова мноштво на луѓе, коишто ја претставуваат целата историја на дохристијанското […]

Повеќе

Денес се празнуваат Светите маченици Евстратиј, Аксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест

Овие петмина храбри мажи светнаа како пет блескави ѕвезди во мрачното време на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан. Евстратиј беше римски војвода во градот Саталион, Евгениј му беше војнички другар, Орест беше исто така еден угледен војник, Аксентиј – свештеник, а Мардариј – прост граѓанин и земјак на Евстратиј, бидејќи обајцата беа од градот Аравракин. […]

Повеќе

Честитка на Градоначалникот Кирил Пецаков за Католичи Божиќ

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков упати честитка  до сите христијани кои го слават Христовото раѓање – Божиќ по   грегоријански календар. – На овој Свет и најголем ден, го славиме  раѓањето  христово кое е темел –   основа на христијанската вера и  христијанските празнувања.  Празникот на радоста и милосрдието е пред  нас. Раѓањето на Спасителот е чудо […]

Повеќе

Денес се празнува Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримитунтски

Место на раѓањето и на службата на овој славен светител е островот Кипар. Роден е од прости родители, земјоделци, а и самиот беше и остана прост и смирен сè до својата смрт. Во младоста се ожени и имаше деца. А кога умре жена му, тој сиот се предаде на служба на Бога. Заради неговото особено […]

Повеќе

Денес се празнува Преподобен Даниил Столпник

Роден е во селото Витара кај градот Самосат во Месопотамија, од родители христијани, Илија и Марта. Беше измолен од Бога од мајка му којашто беше бездетна и како син единец го посветија од малечок на служба на Бога. Во дванаесеттата година прими монашки чин, го посети светиот Симеон Столпник и го доби неговиот благослов. Желен […]

Повеќе

Денес се празнуваат Светите маченици Мина, Ермоген и Евграф

Мина и Ермоген беа родум атињани. Обајцата живееја во Цариград, во голема чест кај царот и кај народот. Мина беше познат по неговата голема ученост и красноречивост и однадвор се држеше како незнабожец, но во срцето беше христијанин. Ермоген беше цариградски епарх и се држеше за незнабоштвото и однадвор и однатре, иако беше милосрден и […]

Повеќе

Денес се празнува зачнувањето на Света Ана

Праведните Јоаким и Ана беа бездетни цели педесет години од нивниот брачен живот. На старост им се јави Архангел Гавриил, секому посебно, и им рече дека молитвите им се услишени од Бога и дека ќе родат ќерка, Марија. Тогаш Ана зачна од својот маж и по девет месеци роди ќерка благословена од Бога и од […]

Повеќе

Денес се празнува Свети Амвросиј, епископ Медиолански (Милански)

Овој голем Свет отец на православната Црква беше од прочуен род; татко му беше царски намесник на Галија и Шпанија, но по вера незнабожец, а мајка му христијанка. Додека беше уште во лулка како малечок, еднаш се спушти рој пчели врз него, излејаа мед на неговата уста и одлетаа. И уште како дете ја пружаше […]

Повеќе

Францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер во посета на Општина Охрид

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Франција во Република Македонија, Кристоф Ле Риголер кој беше во прва официјална посета на Општина Охрид. Амбасадорот и градоначалникот разговараа за приоритетните инфраструктурни проекти на кои работи општината, како и сите значајни капитални инвестиции кои се приоритет на локалната власт во иднина. Беше разговарано и за конкретните активности во делот на заштита и зачувување на животната средина и […]

Повеќе