Денеска е воздвижение на Честниот и Животворен Крст Господов- Крстовден

На овој ден се празнуваат два настани поврзани со Чесниот Крст: прво, пронаоѓањето на Чесниот Крст на Голгота, и второ, враќањето на Чесниот Крст од Персија во Јерусалим. Обиколувајќи ја Светата Земја, светата царица Елена намисли да го побара Чесниот Крст на Христа. Некој старец Евреин, по име Јуда, единствен знаеше за местото каде се […]

Повеќе

Денес се празнува Светиот свештеномаченик Корнилиј стотникот

Римјанин и римски офицер во Кесарија Палестинска. Крстен од апостолот Петар, според небесно откровение (ДАп. 10, 1). Беше прв од незнабошците што ѝ пристапија на Божјата Црква. Дотогаш некои мислеа дека Црквата Христова е само за Евреите и за оние што го примаат еврејското обрезание. Откако се крсти, Корнилиј остави сè и тргна по апостолот […]

Повеќе

Денес се празнува Светиот свештеномаченик Автоном

Во времето на гонењето на Диоклецијан пребегна од Италија во Витинија Азиска, во местото наречено Сореос и таму долго време помина во христијански подвиг и изгради црква посветена на светиот Архангел Михаил. Престојуваше во куќата на еден добар христијанин Корнелиј, когошто Автоном го посвети најпрво за презвитер, а потоа и за епископ. Недалеку од градот […]

Повеќе

НОВ АСФАЛТ НА НЕКОЛКУ УЛИЦИ ВО ГРАДОВ

Согласно годишната програма за уредување на градежно земјиште на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид, деновиве  се работи на неколку локации во градов . Нов асфалт е поставен на  крак  од улицата „Гоце Делчев“ со површина од околу  1 600м2. Надлежните служби на општината работат и во населба Воска, се асфалтираат […]

Повеќе

Директори на вселенски камп на НАСА и експерт за дигитално образование при Европската комисија ќе говорат на седмата „ЕдуКонференција“ во Струга

Вештачката интелигенција и технологијата во образованието ќе бидат во фокус на седмото издание на една од најголемите и највлијателните образовни конференции во Македонија, „ЕдуКонференција25“, која ќе се одржи на 27 и 28 септември во хотелот „Дрим“ во Струга. Георги Димитров, раководител на одделението „Дигитално Образование“ при Европската комисија ќе биде главен говорник и официјално ќе […]

Повеќе

Денес се празнува Преподобна Теодора

Од Александрија, жена на млад маж. Наговорена од некоја бајачка, таа изврши прељуба со друг човек. И веднаш совеста почна луто да ја гризе. Си ја исече косата и се облече во машка облека, па стапи во машкиот манастир Октодекат под машкото име Теодор. Нејзиниот труд, пост, бдеење, понизноста и плачното покајание ги восхитуваа сите […]

Повеќе

Започнаа градежните активности за партерно уредување на ул. „Цар Самоил“

Започнаа градежните активности за партерно уредување на ул. „Цар Самоил“. Се преуредуваат камењата од клдрмата по целата должина.  Се замолуваат пешаците и останатите учесници во сообраќајот да бидат внимателни при движење и да ги почитуваат пропишаните сообраќајни правила. Please follow and like us:

Повеќе

Денес се празнуваат Светите маченички Минодора, Митродора и Нимфодора

Трите се родени сестри од некое место во Витинија Азиска. Воспитани во христијански дух, се повлекоа од градот во пустината, сакајќи да го воздигнат својот ум кон Бога и да се ослободат од сиот лажлив свет и така да го проживеат овој век во чистота и девственост, како вистински невести Христови. Се предадоа на голем […]

Повеќе

Прва јавна објава на ценовник за платено политичко рекламирање на „ОХРИД 24“ за учесниците на локалните избори 2025 година

Согласно Изборниот законик и роковникот за извршување на изборните дејствија за претстојните локални избори, порталот „ОХРИД 24“ ја објавува својата Понуда за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања. Порталот ohrid24.mk е регистриран на регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми на Државната изборна комисија. Во продолжение ценовникот од Понудата за платено политичко рекламирање […]

Повеќе

Денес се празнуваат Светите Јоаким и Ана

Свети Јоаким беше син на Варпафир, од Јудиното колено, и потомок на царот Давид. Ана беше ќерка на свештеникот Матан, од коленото Левиево, како и првосвештеникот Арон. Тој Матан имаше три ќерки: Марија, Совија и Ана. Марија се омажи во Витлеем и ја роди Саломија; Совија се омажи исто така во Витлеем и ја роди […]

Повеќе