Денес се празнува отсекувањето на главата на свети Јован Крстител- Св. Јован Претеча

Ирод Антипа, синот на стариот Ирод, убиецот на Витлеемските младенци во времето на раѓањето на Господа Исуса, беше господар на Галилеја во времето на проповедта на свети Јован Крстител. Овој Ирод беше оженет со ќерката на арапскиот кнез Арета. Но, бивајќи зол изданок од зол корен, Ирод ја протера својата законита жена и незаконски ја […]

Повеќе

Денес се празнува Преподобен Мојсеј Мурин

Родум Етиопјанин, а најнапред беше разбојник и водач на разбојничка дружина. Потоа покајник и голем подвижник. Првин беше роб на еден господар од кого побегна и се вброи меѓу разбојниците. Заради неговата голема телесна сила и безобѕирност, разбојниците го избраа за старешина. Одеднаш го фати грижа на совеста и покајание за злосторствата што ги имаше […]

Повеќе

Денес се празнува Светиот маченик Фануриј

Кој бил и кога живеел овој светител не се знае. Многу се почитува на Родос и на Крит. Од нашите краишта, се почитува во Прилеп и Битола. Во 1500 година им се јави на некои на островот Родос и таму покажа чуда и исцеленија. Таму е пронајдена и една негова стара икона. На неа Фануриј […]

Повеќе

Денес се празнуваат Светиот маченик Адријан и преподобна Наталија

Маж и жена, обајцата од благороден и богат род, од Никомидија. Адријан беше незнабожец и началник на преторот, а Наталија потајна христијанка. Беа млади и живееја во брак тринаесет месеци до мачеништвото. Кога свирепиот цар Максимијан ја посети Никомидија, заповеда христијаните да се фаќаат и да се подложуваат на маки. Во близина на градот, во […]

Повеќе

Денес се празнува Светиот апостол Тит

Еден од седумдесетте. Роден е на Крит и воспитан со грчката поезија и философија. Во една прилика, тој зеде да го чита Пророкот Исаија и се посомнева во елинската мудрост. Откако слушна за Господа Исуса Христа, дојде во Јерусалим со уште некои Критјани и лично ги слушна зборовите на Спасителот и ги виде Неговите силни […]

Повеќе

Денес се празнува Светиот свештеномаченик Евтихиј

Еден од помалите апостоли, родум од Севастопол. Ученик и подражавател на светите апостоли Јован Богослов и Павле. Иако не е вброен помеѓу седумдесетте апостоли, сепак се нарекува апостол затоа што им беше ученик на големите апостоли и затоа што во евангелската служба покажа вистинска апостолска ревност. Посветен за епископ-мисионер, Евтихиј многу патуваше, имајќи за сопатник […]

Повеќе

Во Охрид одбележани 81 година од формирањето на Шестата НОБ бригада и 33 години од формирањето на Шестата пешадиска бригада на АРМ

На пригодна свеченост, во поранешната касарна во Охрид, беше одбележана 81 годишнината од формирањето на шестата  народноослободителна бригада и 33 годиншнината  од формирањето на шестата пешадиска бригада на Армијата на Република Македонија. Во присуство на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на поранешни армиски генерали во пензија, претседатели на воените ветерани и резервисти на Република Македонија, […]

Повеќе

Денес се празнува Светиот свештеномаченик Иринеј Лионски

Во младоста му беше ученик на свети Поликарп, кој пак беше ученик на светиот Јован Богослов, кој го испрати на проповед во Галија. По маченичката смрт на свети Потин, за епископ го поставија Иринеј. Во своите многубројни списи тој час ја изложува православната вера час, пак, ја брани од еретиците. Пострада за Христа во времето […]

Повеќе

Денес се празнуваат Светите маченици Агатоник, Зотик и другите со нив

Свети Агатоник беше никомидиски граѓанин, по вера христијанин. На заповед од царот Максимијан, царскиот намесник жестоко ги гонеше христијаните. При тоа гонење, во некое место Карпин, тој го фати свети Зотик, ги распна на крст неговите ученици, а самиот Зотик го доведе во Никомидија, каде што ги фати и ги врза уште и Агатоник, Принкипс, […]

Повеќе

Денес се празнува Светиот апостол Тадеј

Еден од седумдесетте апостоли, а не оној Тадеј кој беше од Дванаесеттемината. Свети Тадеј прво го виде и го слушна свети Јован Крстител и прими крштевање од него, а потоа Го виде Господa Исусa и Го следеше Него. Господ го вброи помеѓу седумдесетте помали апостоли, кои ги испрати двајца по двајца пред лицето Свое (Лк. […]

Повеќе