Регионална обука за полициски тимови со службени кучиња во Шипокно – јакнење на капацитетите за делување на тешко пристапен терен

На 04.09.2025 година од 00 до 07 часот, на подрачјето на охридското село Шипокно, ќе се одржи регионална обука за зајакнување на капацитетите на полициските тимови кои работат со службени кучиња. Целта на обуката е јакнење на капацитетите на припадниците на единицата за службени кучиња во управување и работа со службени кучиња при мисии и […]

Повеќе

Денес се празнува Светиот пророк Самуил

Петнаесетти и последен од Судиите на Израилот. Живееше илјада и сто години пред Христа. Роден е во племето Левиево, од родителите Елкан и Ана, во местото Рамат или Ариматеја, каде подоцна се роди и благообразниот Јосиф. Бездетната Ана со солзи го измоли Самуил од Бога и штом наполни три години Му Го посвети на Бога. […]

Повеќе

Денес се празнува Светиот маченик Андреј Стратилат

Беше офицер-трибун во римската војска во времето на царот Максимијан. Роден е во Сирија и таму беше на служба. Кога Персијците го загрозија со војска римското царување, на Андреј му беше доверена војска во борба против непријателите. Во таа прилика, го произведоа за војвода, односно стратилат. Бидејќи беше потаен христијанин, иако уште некрстен, Андреј се […]

Повеќе

Денес се празнува Светиот маченик Мирон, презвитер

Свештеник во некое место во Ахаја, од богат и угледен род, по природа благ и кроток, богољубив и човекољубив. Во времето на царот Декиј, а на денот на Рождеството Христово, јурнаа незнабожците на црквата, го извлекоа Мирон од службата и го ставија на маки. При мачењето во огнот му се јави ангел Господов и го […]

Повеќе

Пецаков: Ви благодарам мои сограѓани за големиот интерес при споделувањето на идеи и предлози со кои ќе го направиме Охрид уште поубав

Ви благодарам мои сограѓани за големиот интерес при споделувањето на идеи и предлози со кои ќе го направиме Охрид уште поубав. Во наредниот период ќе ги анализирам сите предлози и идеи, а најдобрите ќе бидат и дел од мојата четиригодишна програма. Заедно со Вас продолжуваме да го развиваме градот, да го правиме уште поубав. https://www.facebook.com/kirilpecakov/posts/1299089192231092?ref=embed_post […]

Повеќе

Денес се празнува Преподобен Јоаким Осоговски

Се подвизуваше во втората половина на 11 век на Осоговските Планини, на местото наречено Сарандопор во една пештера. На тоа место подоцна подигна црква еден друг подвижник, Теодор од Овче Поле, на кого свети Јоаким му се јави во сон. Од моштите на преподобниот Јоаким потоа низ вековите се случуваа многубројни чуда./denovi.mk Please follow and […]

Повеќе

Денес се празнува Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица

Господ, Кој на Синај заповеда со петтата заповед: „Почитувај ги таткото свој и мајката своја“, со Својот пример покажа како треба да се почитува својата родителка. Кога висеше на крстот во маки, се сети на Неговата мајка и покажувајќи на апостолот Јован, рече: „Жено, ете ти син!“ Потоа му рече на Јован: „Ете ти мајка!“ […]

Повеќе

Денес се празнува Светиот пророк Михеј II

Од племето Јудино, а од селото Мориси, заради што го нарекуваа Морисиќанец. Современик на Пророците Исаија, Амос и Осија и на јудејските цареви Јоатам, Ахаз и Језекиј. Ги изобличуваше пороците на својот народ и лажните пророци кои пророкуваа „за вино и жесток пијалок“. Ја претскажа пропаста на Самарија. Ја претскажа и пропаста на Јерусалим, која […]

Повеќе

Денес се празнува Светиот маченик Иполит

Беше воен началник и надзорник на затворот во Рим, роден и воспитан како незнабожец. Кога беше фрлен во затвор архиѓаконот свети Лаврентиј, на Иполит му беше наредено од царот особено да го варди овој затвореник. Иполит виде со свои очи кога Лаврентиј му го врати видот на слепиот Лукилиј и како исцели мнозина други болни, […]

Повеќе

Денес се празнуваат Светите маченици Аникита и Фотиј

Царот Диоклецијан еднаш го посети градот Никомидија со зла умисла да ги истреби наполно христијаните. Па кога почна бездушно да ги измачува, пред него застана свети Аникита, кој беше еден од градоначалниците, и смело ја исповеда пред царот својата вера во Господа Исуса Христа, Бог воплотен во тело заради нашето спасение. При ова, Аникита уште […]

Повеќе