Приведени две лица во Охрид поради нарушување на јавниот ред и мир под дејство на алкохол

На 12.10.2025 во 00:30 часот во угостителски објект на булевар „Македонски просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа (36) од охридското село Велгошти и (27) од Република Турција, постапувајќи по претходна пријава дека го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување. Од преземените мерки, полициските службеници кај (27) констатирале 2,03 промили […]

Повеќе

Денес се празнува Преподобен Киријак Отшелник

Роден е во Коринт од родителите Јован и Евдокија. Татко му беше презвитер, а месниот епископ Петар му беше роднина. Во раната младост, епископот го постави за чтец на соборната црква. Читајќи го Светото Писмо, младиот Киријак ѝ се восхитуваше на Божјата Промисла којашто ги прослави сите вистински слуги на живиот Бог и го устрои […]

Повеќе

Денеска света Литургија по повод 730 години од изградбата и живописувањето на храмот „Пресвета Богородица Перивлепта“ во Охрид

По повод 730 години од изградбата и живописувањето на храмот „Пресвета Богородица Перивлепта“ во Охрид, кој е еден од најмонументалните средновековни храмови во Македонија, денеска во храмот ќе биде отслужена света Литургија. Со литургијата ќе чиноначалстува Неговото Блаженство Архиепискотот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. Стефан во сослужение со Митрополитот Дебарско-кичевски г. […]

Повеќе

Мицкоски побара гаранции од Европскиот Совет: ДА за членство во ЕУ, НЕ за билатерални услови

Премиерот Христијан Мицкоски од Свечената академија во Прилеп порача дека за да направиме  рестарт на системот, потребна е општествена мобилизација. -И тоа не само мобилизација на политичките елити, туку мислам на длабока мобилизација на сите структури во општеството. Академската средина се подели на „про наши“ и „про нивни“, додека пак МАНУ секогаш за сите прашања […]

Повеќе

Приведени двајца охриѓани со пронајдена бела прашкаста материја

На 10.10.2025 во 23:50 часот на пресекот на улиците „Јане Сандански“ и „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода (20) и (19), двајцата од Охрид. При преглед во паркиран патнички автомобил „фолксваген“, во кое биле двајцата, полициските службеници кај М.Ќ. пронајдоа и одзедоа бела прашкаста материја. По целосно документирање на […]

Повеќе

Физички напад во казино во Охрид – повреден 43-годишен охриѓанец

На 10.10.2025 во 20:30 часот во СВР Охрид, во казино на булевар „Туристичка“ во Охрид две лица физички го нападнале (43) од Охрид. По целосно расветлување на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава. Please follow and like us:

Повеќе

Пецаков: Велгошти денес испрати порака дека Охрид не запира повеќе!

Велгошти денес испрати порака дека Охрид не запира повеќе!Велгоштани јасно покажаа дека се за континуитет во работењето и продолжување со работа за уште поубава Општина Охрид!Велгошти денес покажа дека знае кој е Вистинскиот избор, напипа на својот ФБ профил, кандидатот за градоначалникот од ВМРО ДПМНЕ, Кирил Пецаков. Please follow and like us:

Повеќе

СВЕЧЕНОСТ ПО ПОВОД 11-ТИ ОКТОМВРИ

Во пресрет на 11-ти Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ во втората светска војна, денеска во Општина Охрид се одржа пригодна свеченост во чест на големиот празник. Пред присутните свое обраќање имаше градоначалникот Кирил Пецаков. ‎ ‎– Народоносолободителната борба претставува симбол на непокорот, достоинството и вековната борба за мир и правдина. Преку пожртвуваноста на […]

Повеќе

Во понеделник трибина „Превенција, откривање и лекување на Рак на дојка“во организација на УЖ на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид

Октомври е меѓународно признат како месец на свесност за ракот на дојка, познат и како „Розов октомври“. Овој месец има длабоко значење и важна улога во борбата против оваа болест, која е најчестиот карцином кај жените и водечка причина за смртност кај женската популација. Во рамките на месецот на свесност и подршка за борба против […]

Повеќе

ВМРО-ДПМНЕ со 3 спрема 1 предност пред СДСМ во Охрид

Резултатите од последната телефонска анкета на ИПИС направена за потребите на МРТ, синоќа се анализираа во емисијата Објектив. Предмет на анализа, овој пат, беше општина Охрид, каде што граѓаните даваат огромна поддршка за актуелниот градоначалник и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков. На анкетата Кирил Пецаков, споредено со кандидатот на СДСМ, Асен Шајн води со огромна […]

Повеќе