По повод 730 години од изградбата и живописувањето на храмот „Пресвета Богородица Перивлепта“ во Охрид, кој е еден од најмонументалните средновековни храмови во Македонија, денеска во храмот ќе биде отслужена света Литургија.
Со литургијата ќе чиноначалстува Неговото Блаженство Архиепискотот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. Стефан во сослужение со Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј и епископите Хераклејски г. Климент и Стобиски г. Јаков.
– Покрај локалните свештеници од Охрид, во богослужението ќе земат учество и гостите од Српската православна црква: главниот секретар на Синодот Архимандрит Нектариј, Директорот на Патријаршијата Архимандрит Данило и Продеканот за меѓународна соработна на Православниот богословски факултет во Белград прот. ст. Владимир Вукашиновиќ, информираат од Дебарско-кичевската епархија Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес

