ОХРИД СЕ ПОКЛОНИ ВО ЧЕСТ ЗА УЗУНОВ

Свеченостите по повод одбележување на 120 години од смртта на Христо Узунов продoлжија  и денес. Утрово  делегација  на општината положи свежо цвеќе пред неговата спомен биста во градскиот парк. По традиција претставници од Општина Охрид  го посетија  вечното почивалиште на Христо Узунов во селото Цер, кичевско каде  пред повеќе од еден век се случи херојската […]

Повеќе

Градоначалникот Кирил Пецаков оствари средба со заменик министерката за Европски прашања Викторија Трајков

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари работна средба со Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, која беше во прва официјална посета на Општина Охрид. Заменик-министерката Трајков беше во придужба на стручни лица од проектните едници на Министерството за европски прашања и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев. На средбата […]

Повеќе

Охрид го чествува ликот и делото на Христо Узунов

Во чест на Јубилејот: 120 години од  хероската погибија на  Христо Узунов, Општина Охрид, денеска организираше Свечена академија во спомен куќата на големиот охридски војвода и револуционер. Пред бројните присутни, свој пригоден говор имаше градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков. – Насочени кон иднината, бескрајно горди на  минатото,  благодарни за  саможртвата  за слободна  Македонија, денес со […]

Повеќе

Отворен ден на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“

Во четврток, на 24 април, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид ќе организира Отворен ден. Настанот претставува одлична можност за посетителите да се запознаат со студиските програми, да присуствуваат на наставни часови, да разгледаат апликативни проекти и да разговараат со студенти и професори. Посебно внимание ќе биде посветено на панел-дискусијата […]

Повеќе

Американската пијанистка Клер Хуангчи ќе го отвори јубилејното 65.„Охридско лето“

Американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи ќе го отвори јубилејното 65. издание на фестивалот „Охридско лето“, на 12 јули на Античкиот театар во Охрид. Ова денеска го обелодени директорот на Националната установа „Охридско лето“ , Ѓорги Цуцковски, на прес-конференција на која беше промовирана програмата на годинешното фестивалско издание. -За свеченото отворање под наслов […]

Повеќе

Почина на 75 години новинарот Илче Стојаноски (In memoriam)

Денеска во Охрид на 75 годишна возраст почина новинарот Илче Стојаноски, кој целиот професионален работен век го помина во Центарот за печат и радио Охрид.Стојаноски е роден на 18 јуни 1949 година во Прилеп, а по три години од неговото раѓање неговите родители се преселуваат во родниот град на неговата мајка – Охрид, која патем […]

Повеќе

Огнен инцидент кај месноста „Трно“ во Охрид: Изгорени околу седум хектари трска, нема повредени

На 20.04.2025 во 17.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека во месноста „Трно“ во близина на улицата „Прилепска“ во Охрид била опожарена површина од околу седум хектари со трска. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид. Please follow and like us:

Повеќе

Физички напад пред казино во Охрид: Повреден 29-годишен велешанец

На 19.04.2025 во 06 часот, пред казино лоцирано во хотелски комплекс во Охрид, по вербална расправија, три лица физички го нападнале (29) од Велес. По целосно расветлување на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава. Please follow and like us:

Повеќе

Малолетен мотоциклист повреди тројца пешаци и удри во возило во Охрид, па побегна од местото – пронајден од полицијата

На 18.04.2025 во 21 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на ул.„Кеј Македонија“ во Охрид, мотоцикл со охридски регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од Охрид, удрил во двајца малолетни пешаци и во 18-годишна од Скопје, а потоа удрил во паркирано патничко возило „киа“ со охридски регистарски ознаки, по што го напуштил местото на настанот. […]

Повеќе

СВР Охрид поднесе кривична пријава против дебранец за користење лажна исправа и управување мотоцикл без дозвола

СВР Охрид поднесе кривична пријава против (48) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.  Полициски службеници го затекнале пријавениот во Дебар како управувал мотоцикл без да поседува соодветна категорија за управување на мотоцикл, додека сообраќајната дозвола била со измината важност од друг мотоцикл. Please follow […]

Повеќе