Во четврток, на 24 април, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид ќе организира Отворен ден. Настанот претставува одлична можност за посетителите да се запознаат со студиските програми, да присуствуваат на наставни часови, да разгледаат апликативни проекти и да разговараат со студенти и професори. Посебно внимание ќе биде посветено на панел-дискусијата посветена на Меѓународниот ден на девојките во информатичките и комуникациски технологии, чија цел е да инспирира нови генерации во технолошката сфера. Универзитетот ги поканува сите заинтересирани да откријат зошто оваа високообразовна институција претставува уникатно место за студирање, развој и иднина.
Please follow and like us:

