Петмина повредени во тешка сообраќајка на патот Охрид-Ресен

На 19.09.2026 во 17:30 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на охридското село Опеница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сузуки витара“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.Р.(67) од Велика Британија и патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.Б.(28) од битолското село Буково. -Притоа, со тешки телесни повреди констатирани […]

Повеќе

Денес се празнува Светиот маченик Созонт

Родум од Ликаонија. Беше овчар, а во сè го држеше Божјиот закон и ги поучуваше своите врсници и другари во благочестието. Преку некое видение дозна дека ќе треба маченички да пострада за Христа. Во тоа време имаше големо гонење на христијаните во блискиот град Помпеопол од страна на некој Максимијан, управител киликиски. Во градот имаше […]

Повеќе

Истекување на плин на бензинска станица на патот Охрид–Струга, дефектот безбедно отстранет

На 18.09.2026 во 08:46 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на бензинска станица на магистралниот пат Охрид-Струга, настанал дефект на вентил за плин, по што настанало истекување на плинот. По налог на јавен обвинител, увид на местото извршија полициски и екипи на Територијалната противпожарна единица од Охрид, при што е констатирано дека испарувањето на […]

Повеќе

Лишен од слобода маж од струшко поради предизвикување пожар

На 18.09.2026 во 07:45 часот, полициски службеници од ОВР Струга во струшкото село  Враништа, од слобода го лишија (60) од истото село, кој се сомничи дека на 16.09.2026 во 12:30 часот, предизвикал пожар на сува трева и стрниште на отворен простор во атарот на селото Враништа. Во пожарот, нема повредени лица, а интервенирала Територијалната противпожарна […]

Повеќе

Приведен 43-годишен охриѓанец кај „Петља“: Во неговото „ауди“ пронајдена марихуана

На 18.09.2026 во 17:55 часот на магистралниот пат Охрид- Кичево, кај месноста „Петља“, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид од слобода го лишија (43) од Охрид. При преглед во неговиот автомобил „ауди“ со охридски регистарски ознаки, пронајдена и одземена е марихуана. По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава. […]

Повеќе

Физички напад на улицата „Радојца Новичиќ“ во Охрид, полицијата го расчистува случајот

На 18.09.2026 во 20:30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Радојца Новичиќ” во Охрид, бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од лице врз (28), двајцата од Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Please follow and like us:

Повеќе

Приведен 28-годишен охриѓанец: Со метален предмет нападнал жител на Лешани на кружниот тек кај „Туристичка“

На 18.09.2026 во 20:00 часот, во СВР Охрид е приведен (28) од Охрид, по претходна пријава дека на кружен тек од булеварот „Туристичка“ со улицата „Абас Емин“ во Охрид, со метален предмет го нападнал (38) од селото Лешани, општина Дебрца. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава. Please follow and […]

Повеќе

Приведен 41-годишен охриѓанец: Со БМВ удрил во лице на кружниот тек кај „Туристичка“ и „Абас Емин“

На 18.09.2026 во 19:50 часот, на кружниот тек од булеварот „Туристичка“ со улицата „Абас Емин“ во Охрид, лишен од слобода е (41) од Охрид, кој управувајќи патничко возило „бмв“ со охридски регистарски ознаки, удрил во лице од с. Лешани, општина Дебрца. По налог на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, […]

Повеќе

Мицкоски за односите со Бугарија: Нема брзоплети чекори, потребни се доверба, гаранции и присуство на ЕУ

Македонија нема да се повлекува од разговорите, но нема ниту брзоплето да влегува во процес чиј крај не е предвидлив, порача премиерот Христијан Мицкоски во интервју за МИА од Вашингтон, зборувајќи за односите со Бугарија и за продолжувањето на европскиот пат. Мицкоски истакна дека прашањето за односите со Бугарија неизбежно е дел од разговорите со […]

Повеќе

Денес се празнува спомен на чудата на Свети Архангел Михаил

Во Фригија имаше едно место наречено Хони („нурнување“) недалеку од Јерапол; и на тоа место извор со чудотворна вода. Кога Светиот апостол Јован Богослов со Филип го проповедаше Евангелието во Јерапол, тој погледна на она место и прорече дека таму ќе се отвори извор на чудотворна вода од која многумина ќе добијат исцеление и дека […]

Повеќе