Истекување на плин на бензинска станица на патот Охрид–Струга, дефектот безбедно отстранет

Охрид Регион

На 18.09.2026 во 08:46 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на бензинска станица на магистралниот пат Охрид-Струга, настанал дефект на вентил за плин, по што настанало истекување на плинот. По налог на јавен обвинител, увид на местото извршија полициски и екипи на Територијалната противпожарна единица од Охрид, при што е констатирано дека испарувањето на плинот било преку проточен вентил од просторот на оградените инсталации за течен нафтен гас од вкопана цистерна. По интервенција на овластен сервисер,  безбедно бил извршено поставување на  нов сет опрема .

Please follow and like us: