Приведен охриѓанец поради агресивно однесување кон полициски службеници

На 24.10.2024 година во 03:30 часот, на улицата „Бистрица“ во Охрид, приведено е 44-годишно лице од Охрид кое претходно, било агресивно кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. Please follow and like us:

Повеќе

Реприза во петок на претставата „Кумови“ за помош на охриѓанката Бојана Танеска Бонеска

Во петок, на 25-ти октомври 2024 година, Народен Театар Охрид, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе ја репризира претставата „Кумови“ од Душан Ковачевиќ, во режија на Билге Емин. Сите средства кои ќе се соберат од влезниците ќе бидат донирани за нашата сограѓанка Бојана Танеска Бонеска со желба за брзо и успешно […]

Повеќе

Охрид се поклони во чест на Револуционерите

Во рамки на чествувањата по повод 23 Октомври,  Денот на македонската револуционерна борба,  делегација од локалната самоуправа  предводена од Претседателот на Советот на Општината Охрид, Перчо Божиноски  се поклони и положи свежо цвеќе пред спомен обележјата на револуционерите во градскиот парк. Свежо цвеќе положија и останати претставници од  јавниот и политичкиот живот од градов и […]

Повеќе

СВЕЧЕНО ОДБЕЛЕЖАН 23 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

Пред голем број граѓани, синоќа во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, свечено беше одбележан 23 Октомври –Денот на македонската револуционерна борба. Во името на локалната самоуправа пред присутните се обрати заменик градоначалничката Ана Крстеска. –И денес, после 131 година, 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, одѕвонува во колективната меморија на македонскиот народ, […]

Повеќе

Јубилејна книжевна средба со Бранко Цветкоски во Охрид

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид  утре – четврток организира јубилејна книжевна средба со поетот, есеист, критичар, преведувач и публицист Бранко Цветкоски, по повод 70 години живот и 50 години творештво. Беседници ќе бидат неговите колеги – поетите: Санде Стојчевски и Славе Ѓорѓо Димоски а модератор и актер ќе биде Роберт Вељановски.  Средбата ќе се […]

Повеќе

Пецаков: Хуманитарна театарска претстава за нашата сограѓанка Бојана Танеска Бонеска!

Општина Охрид во соработка со НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид / НТО, репризно ја организираат тетарската претстава „Кумови“. Парите од влезниците ќе бидат донирани за нашата сограѓанка Бојана Танеска Бонеска со желба за брзо и успешно опоравување! Претставата ќе се одигра на 25.10.2024 (петок) од 20:00 часот, цената на билетот е 300 […]

Повеќе

Поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „лажно претставување“

СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување“ по член 391 став 1, во врска со член 45 од Кривичниот законик. Од 10.11.2020, пријавениот бил именуван за правобранител за подрачјето на Охрид и од тој ден ја ставил во мирување својата адвокатска дејност. […]

Повеќе

Пецаков: Фудбалскиот стадион “Билјанини извори “во Охрид добива и нова модерна западна трибина

Фудбалскиот стадион “Билјанини извори “во Охрид добива и нова модерна западна трибина. Денес на средбата што ја остварив со претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, членот на управниот одбор на ФФМ, Тони Иваноски и претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз, Цане Милошоски, ми беа предадени проектите за изградба на новата западна трибина. Како Локална самоуправа се обврзавме […]

Повеќе

Откриена бесправно складирана дрвна маса во Дебарца

На ден 18 и 19 октомври 2024 година, при контрола на О.С.Л. од Шумската Полиција од Охрид во општина Дебарца, во селата Злести, Турје и Издеглавје, откриена е бесправно складирана дрвна маса во количина од 4,1 м³, која е одземена и предадена на овластени лица од П.С.С. Галичица Охрид. За сите три случаи од страна […]

Повеќе

Во алкохолизирана состојба, австриец непристојно се однесувал на кеј “Македонија”

На 18.10.2024 година во 03 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид, приведен е М.К.(49), државјанин на Република Австрија. Тој, во видно алкохолизирана состојба, дрско и непристојно се однесувал кон случајните минувачи а потоа и агресивно кон полициските службеници кои, пристигнале на местото и преземале службени дејствија. Против него е поднесена пријава по Законот за прекршоци […]

Повеќе