Кривична пријава против охриѓанец: Без дозвола изградил две семејни куќи

СВР Охрид поднесе кривична пријава против (53) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тој на катастарска парцела во Охрид, без одобрение за градба, неовластено изградил две индивидуални семејни куќи што било констатирано при извршен инспекциски надзор. Please follow and like us:

Повеќе

Колумна на Слободан ТОМИЌ – Портрети на Моќта. Лицето зад функцијата: Венко Филипче. Серијал на Слободан Томиќ

ВТОР ПОРТРЕТ.ВЕНКО ФИЛИПЧЕ.ЧОВЕКОТ ОД СИСТЕМОТ. „Кога зборовите се различни од делата, не верувај им на зборовите.“ Конфучие Пишува: Слободан ТОМИЌ НЕ Е ПОРТРЕТ НА ЛЕКАРОТ.ТУКУ НА ПОЛИТИЧАРОТ. Венко Филипче е лекар по професија, неврохирург по струка, политичар по избор и претседател на СДСМ по довербата што ја доби од својата партија. Но ова не е […]

Повеќе

Концерт „Македониум“ во чест на 35 години независност

Вчеравечер во црквата „Св. Софија“ во Охрид се одржа свечениот концерт „Македониум“, кој беше поддржан од Општина Охрид, како дел од празничната програма посветена на одбележувањето на 35 години од независноста на Република Македонија. На концертот настапија истакнатите музички уметници Соња Шуплевска – виолина, Марија Јаќимовска – флејта, Петар Колевски – кларинет, Орце Ицкоски – […]

Повеќе

Возило излетало од пат во Мешеишта, тешко повреден 45-годишен возач од Хрватска

На 08.09.2026 во 12:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека на  локален пат во с.Мешеишта, општина Дебарца, патничко возило „линк ко“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.Б.(45) од Република Хрватска, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ Охрид. Извршен е увид од […]

Повеќе

Денес се празнува Преподобен Пимен Велики

Родум од Египет. Голем подвижник. Како момче ги посетуваше прочуените подвижници и собираше од нив опитно знаење како трудољубива пчела. Еднаш, Пимен измоли од старецот Павле да го однесе кај свети Паисиј. Кога го виде Паисиј му рече на Павле: „Ова дете ќе пасе (затоа што Пимен значи пастир) многумина, со него е раката Божја.“ […]

Повеќе

Мицкоски и Николоски на пуштање во употреба на реконструираниот аеродром во Охрид

Во Охрид денеска ќе биде пуштен во употреба реконструираниот дел на Охридскиот аеродром. На отворањето ќе присуствуваат Серкан Каптан, извршен директор на ТАВ Аеродроми, премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Реконструкцијата опфати проширување на патничкиот терминал за 30 до 40 проценти, проширување на капацитетот на шалтерите за патници и багаж […]

Повеќе

Македонија одбележува 35 години независност

На 8 септември 1991 година, граѓаните на Македонија на историскиот референдум со убедливо „за“ ја потврдија волјата за суверена и самостојна држава. Референдумското изјаснување претставуваше пресвртница со која започна процесот на создавање независна македонска држава и воспоставување сопствени институции, дипломатска мрежа, безбедносен систем и економски политики. Три и пол децении подоцна, 35 години независност сведочат […]

Повеќе

Честитка на Градоначалникот Пецаков за 8 Септември

Градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до своите сограѓани по повод  8 Септември –  Денот на независноста на Р. Македонија.  ‎ – Денешниот ден е потсетник за историската одлука, храброста и визијата  на генерациите кои го трасираат патот кон слободна, суверена  и самостојна држава. Овој голем празник го носи во себе заветот на нашите претходници, но […]

Повеќе

Денес се празнува Светиот маченик Адријан и преподобна Наталија

Маж и жена, обајцата од благороден и богат род, од Никомидија. Адријан беше незнабожец и началник на преторот, а Наталија потајна христијанка. Беа млади и живееја во брак тринаесет месеци до мачеништвото. Кога свирепиот цар Максимијан ја посети Никомидија, заповеда христијаните да се фаќаат и да се подложуваат на маки. Во близина на градот, во […]

Повеќе

Земјотрес од 3,9 степени го погоди охридско-струшкиот регион

Земјотрес со локална магнитуда од 3,9 степени според Рихтер е регистриран утрово во 5:40 часот во епицентралното подрачје Охрид-Струга, на околу 135 километри југозападно од Скопје. Земјотресот бил почувствуван во југозападните делови на земјава, особено во Охрид и околината, со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала. Please follow and like us:

Повеќе