Градоначалникот Пецаков оствари средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Австрија во Република Македонија, Мартин Памер, кој беше во прва официјална посета на Општина Охрид. На средбата се разговараше за можноста за воспоставување на соработка помеѓу Охрид и градови од Австрија, како и за зголемување на соработката во областа на туризмот. Градоначалникот и амабасадорот разговараа и за прашања поврзани со урбанистичкото планирање […]

Повеќе

ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Тројцата советници од СДСМ Охрид и коалицијата си ја имаа мувата на капата за наследените долгови, па кукавички избегаа од соочување со вистината

Напуштањето на ДУРИ 3 (ТРОЈЦА) советници од СДСМ и нивната коалиција, на 34. седница на Советот на Општина Охрид, е доказ за нивната несериозност и срамното однесување кога станува збор за функционирањето на Општината. СДСМ Охрид се главни виновници за проблемот со наследените долгови кои тие ги направиле и нивното напуштање беше свесна желба за […]

Повеќе

Дури 3 советници од СДСМ ја напуштија седницата на Совет

Со шеснаесет точки на дневниот ред, денес се одржа триесет и четвртата седница на Советот на Општина Охрид.  Со образложение дека седницата не била навремено најавена, тројцата советници од опозицијата, СДСМ и коалиционите партнери, ја напуштија седницата и не учествуваа во денешната работа на советот. Секретарот на општина Охрид, Александар Китески, вели дека итноста на […]

Повеќе

Одржана триесет и четвртата седница на Советот на Општина Охрид

Со шеснаесет точки на дневниот ред, денес се одржа триесет и четвртата седница на Советот на Општина Охрид. Сите точки се однесуваа на предлог измени на програмите за работа на локалната самоуправа, со цел измена и дополнување на буџетот. Итноста на седницата е можноста да се искористат, а согласно Законот за локална самоуправа и официјалното […]

Повеќе

Во Охрид започна 14-тата Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Во Охрид синоќа започнаа сесиите во живо од 14тата Школа за млади лидери на поранешниот претседател на Република Македонија, проф. д-р Ѓорге Иванов. Школата беше свечено отворена вчеравечер, од поранешниот претседател Иванов, кој на младите лидери им посака добредојде во Охрид. Им посочи на младите лидери никогаш да не ја губат надежта и трпението и […]

Повеќе

Охрид го празнува 11 октомври – Денот на Народното востание

По повод 11 Октомври – Денот на народното востание, делегација на Општина Охрид предводена од претседателот на Советот, Сашо Донев, положи цвеќе пред спомен обележјето од НОБ во градскиот парк.   Делегации од локалната власт се поклонија и пред спомен обележјата на борците во дворот на Основниот Суд, СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и кај градски […]

Повеќе

Полицијата пронајде марихуана кај 29-годишен охриѓанец

На 11.10.2023 во 01.40 часот на улица „Димитар Влахов“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 29-годишен охриѓанец затоа што кај него, и во неговото патничко возило „опел“, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. […]

Повеќе

Охриѓанец бил истепан од двајца сограѓани

На 11.10.2023 во 01.15 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на улица „Партизанска“ во Охрид, 45-годишен охриѓанец бил физички нападнат од двајца сограѓани. По целосно документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Please follow and like us:

Повеќе

Честитка од градоначалникот Пецаков по повод 11 октомври – Денот на Народното востание

Нека ни е честит 11 Октомври, Денот на Народното востание со кое нашиот народ на најдобар можен начин го докажа својот државотворен капацитет и право на изградба на самостојна, суверена и слободна држава. Со 11 Октомври и НОБ застанавме на страната на антифашистичката коалиција. Граѓаните на Македонија знаеја да го изберат доброто наспроти злото, правдата […]

Повеќе

Свечена седница по повод 11 октомври – Денот на Народното востание

По повод одбележувањето на 82-годишнината од 11. Октомври – Денот на Народното востание, во Општина Охрид се одржа свечена седница на која присуствуваа претставници на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца, претставници на Советот на општината, пратеници, претставници на локални институции, претставници на општинската администрација и граѓани. На свеченоста свое пригодно обраќање имаше градоначалникот […]

Повеќе