Полицијата пронајде марихуана кај 29-годишен охриѓанец

Охрид Црна хроника

На 11.10.2023 во 01.40 часот на улица „Димитар Влахов“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 29-годишен охриѓанец затоа што кај него, и во неговото патничко возило „опел“, била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Please follow and like us:
Tagged