Одржана триесет и четвртата седница на Советот на Општина Охрид

Охрид

Со шеснаесет точки на дневниот ред, денес се одржа триесет и четвртата седница на Советот на Општина Охрид. Сите точки се однесуваа на предлог измени на програмите за работа на локалната самоуправа, со цел измена и дополнување на буџетот.

Итноста на седницата е можноста да се искористат, а согласно Законот за локална самоуправа и официјалното известување од Министерството за финансии, дополнителни 10 проценти во планирањето на приходи, што изнесува триесет и четири милиони и деветстотини и седумдесет илјади денари.

Со донесувањето на овие одлуки, локалната самоуправа ќе покрие дел од тековните обврски кон доверителите, а дел ќе биде поддршка за јавните препријатија.

Со образложение дека седницата не била навремено најавена, четири советници од опозицијата ја напуштија седницата и не учествуваа во денешната работа на советот.

Please follow and like us:
Tagged