30-годишен охриѓанец ја истепал мајка си

На 28.05.2023 година во 20.00 часот, во СВР Охрид пријавено е дека 30-годишен охриѓанец, во семејниот дом по претходна расправија физички ја нападнал неговата мајка. Тој е лишен од слобода и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Please follow and like us:

Повеќе

Се одржа Купот во спортски риболов „Охрид 2023“

Спортски риболовци и рибарски клубови од неколку македонски градови беа дел од Купот во спортски риболов „Охрид 2023“ кој се одржа на Охридското Езеро. Натпреварувањето го организираше спортскиот клуб „Свети Апостол Петар“ со поддршка на Општина Охрид. На завршната свеченост од манифестацијата, заменик градоначалникот, Перчо Божиновски ги додели наградите на риболовците кои остварија најдобри резултати […]

Повеќе

Претпладне сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со дожд и грмежи

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивна нестабилност во форма на невреме со изолирана појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а […]

Повеќе

(ФОТО) Нова опрема за подобрување на услугите на јавните претпријатија „Охридски комуналец“ и „Нискоградба“

Како дел од регионалниот проект „Јакнење на капацитетите на ЈКП преку набавка на опрема“ кој Општина Охрид го реализира во партнерство со Центарот за развој на Југозападниот плански регион, денеска беше промовирана нова опрема која е наменета за подобрување на услугите на јавните претпријатија ЈП „Охридски комуналец“ и ЈП „Нискоградба“. Станува збор за современи возила – […]

Повеќе

Охриѓанец бил агресивен кон родителите и се обидел физички да ги нападне

На 25.05.2023 година во 18.40 часот, во СВР Охрид од слобода е лишен 53-годишен охриѓанец кој претходно, во семејниот дом во Охрид бил агресивен кон родителите и се обидел физички да ги нападне. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Please follow and like us:

Повеќе

Честитка на градоначалникот Пецаков по повод Националниот ден на Власите

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков упати честитка до припадниците на влашката етничка заедница по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите.  –Во мое лично име и во името на Општина Охрид упатувам срдечни честитки по повод Националниот ден на Власите со најискрени желби за личен просперитет и многу успеси.  Влашката заедница е значаен дел од етничкиот […]

Повеќе

(ФОТО) Изложба за природното и културно богатство на Охрид

Денеска во ООУ „Григор Прличев“ беше отворена изложбата на изработки „Гледај учи и пренеси…ТИ- чувару на културното и природно богатство на Охрид“. Изложбата беше завршен настан на проектот „Watch and Learn“ што е дел од CIPSS програмата 2022-2023, а го реализира и имплементира тим од Секторот за ТЛЕР заедно со претставници од ООУ “Григор Прличев“. […]

Повеќе

Помеѓу Трпејца и Свети Наум, пронајдени 15 рибарски мрежи со улов од околу 13 килограми риба

На 20/21.05.2023 во периодот од 22.00 до 02.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“- Регионален центар за гранични работи Запад, во содејство со инспектори по рибарство од Државниот инспекторат за земјоделие, во водите на Охридското Езеро реализираа патролни активности со мерки согласно Законот за рибарство и аквакултура. Притоа, на околу 20 мeтри […]

Повеќе

(ФОТО) ТППЕ Охрид го одбележа 20 Мај – Денот на пожарникарите

Со пригодна свеченост Територијалната противпожарна единица од Охрид, го одбележа 20 Мај – Денот на пожарникарите. Свеченоста традицонално започна со дефиле низ охридските улици, па продолжи со изведување на показна вежба и заврши со прогласување на најдобар пожарникар. За најдобар пожарникар беше прогласен Митко Аслимоски. Во име на Општина Охрид Денот на пожарникарите им го […]

Повеќе

Охриѓанец тешко повреден во сообраќајка на крстосницата од улиците „Железничка“ и „Абас Емин“

На 19.05.2023 во 18.25 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на крстосница од улиците „Железничка“ и „Абас Емин“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило  „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.В.(47) од Охрид и мотоцикл „априлија“ со германски национални ознаки, управуван од Д.Д.(39) од Охрид. Во несреќата мотоциклистот Д.Д. се […]

Повеќе