Охриѓанец тешко повреден во сообраќајка на крстосницата од улиците „Железничка“ и „Абас Емин“

Охрид Црна хроника

На 19.05.2023 во 18.25 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на крстосница од улиците „Железничка“ и „Абас Емин“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило  „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.В.(47) од Охрид и мотоцикл „априлија“ со германски национални ознаки, управуван од Д.Д.(39) од Охрид.

Во несреќата мотоциклистот Д.Д. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Please follow and like us:
Tagged