Охриѓанец затекнат при вршење кражба во Градски гробишта

Охрид

На 18.05.2023 околу 13 часот, при вршење кражба од кругот на Јавното претпријатие „Градски гробишта“ во Охрид, бил затекнат А.А.(51) од Охрид.

Одземените предмети се вратени на претпријатието, а по целосно расчистување и документирање на случајот против А.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Please follow and like us:
Tagged