ЈП Билјанини Извори и Futsal Ohrid Freed ги поканува сите љубители на Спортот и на Фудбалот утре Вторник 5 Ноември од 20:00 часот до 22:00 часот и Среда 6 Ноември од 20:00 часот до 22:00 часот, да дојдат во Спортската Сала “Билјанини Извори” и ги проследат во Вторник двата полуфинални натпревари:
• Во 20:00 ч. помеѓу екипите на Инекс Олгица Хотел и СПА и Гостилница кај Мече и
• 21:00 ч. Провелд Волино и минатогодишниот победник на Ohrid Freed АСП ПАК.
Додека на 6 Ноември во:
• 20:00 часот натпреварот за трето место и во
• 21:00 часот финалниот натпревар за прво место.
Хумнитарниот Турнир Futsal Ohrid Freed организиран од ЈП Биљанини Извори и Општина Охрид се организира секоја Година во чест на 7-ми Ноември, денот кога нашиот Охрид е ослободен од Фашизмот.







