Пишува: Слободан ТОМИЌ

Арбен Таравари израсна како политичар од сенка, кој со години се претставуваше како умерен, прозападен и наводно објективен глас меѓу албанските партии.
Но зад оваа маска, тој гради една интригантска, подметнувачка и шибицарска политика, со која си игра со нервите на цела држава.
Тоа е таа лажна умереност, која е најопасна кога се претвора во отровна ароганција.
Денес, Арбен Таравари не е ни „Тројански коњ“ затоа што коњот барем носи нешто внатре.
Тој е повеќе како „змија со магарешка глава: неупотреблив, опасен и дволичен, кој шири отров додека им се смешка на сите страни.
Оваа игра на дволичност, на лаги и манипулации, веќе не може да мине кај народот.
Во последниот период, се потврдува она што внимателните аналитичари одамна го предупредуваа: дека Таравари не е партнер, туку политички провокатор, инсталација која служи на надворешни интереси и внатрешни поделби.
Неговата вештина не е во градење, туку во рушење.
Во подметнување, во саботажа и во труење на процесите кои водат кон нестабилност.
Тоа е антиполитика со албанска маска, која сака да ја претвори Македонија во заложник на личните фрустрации.
НЕБЛАГОДАРНОСТА КАКО ПОЛИТИЧКИ КАПИТАЛ
Во една коалиција во која Мицкоски му даде шанса ,шанса што ниту Ахмети, ниту Ковачевски, ниту СДСМ некогаш му ја понудија ,Таравари се однесува како див ѕвер пуштен во гостинска куќа.
Сè уште официјално коалициски партнер, а зад грб веќе преговара со поранешните свои џелати, само заради лични интереси, позиција и егото на локален шеф кој мисли дека вреди повеќе од 5-те проценти што му ги дава гласачкото тело. Тоа е ароганција без покритие, која личи на самоубиствена политика.
Тој бара “реципроцитет”, но само во еден правец , сака втор премиер, нов Устав, нови договори, нов систем, но сето тоа без да ги почитува правилата на играта.
Сака Македонија како држава да отстапи уште повеќе, додека сам никогаш не прифати ништо македонско како вредност.
Тоа не е политика – тоа е политички рекет, и од рекет не се гради држава, туку се руши државноста.
СТРАТЕГИЈАТА НА МИЦКОСКИ: ТИШИНА ПРЕД ПОЛИТИЧКИОТ УРАГАН

Христијан Мицкоски досега водеше трпелива, но прецизна и методолошка политика.
Свестен дека му треба поддршка во реформскиот процес, Мицкоски направи чекор напред и го вклучи Таравари во концептот на „европска влада“, давајќи му прилика за историја.
Но одговорот беше интрига, подметнување и обиди за изигрување на коалицискиот договор уште пред гласањето да се заврши.
Тоа не е само неблагодарност, туку и политичка измама.
Сепак, она што Таравари го потценува е што Мицкоски игра долгорочно.
Мицкоски знае дека зад ваквите „маневри“ се кријат меѓународни инсталации и домашни играчи на „длабоката држава“.
Затоа, неговата стратегија е да го изолира Таравари политички и институционално, а потоа да го демонтира како непотребна и компромитирана фигура.
Тишината на Мицкоски е олуја во најава.
КАКО ЌЕ ЗАВРШИ ТАРАВАРИ?

Арбен Таравари ќе заврши онака како што завршуваат сите политички шибицари: со загубена доверба, исфрлен од сите кругови и политички безвреден.
Ќе се обиде да преговара со ДУИ, ќе биде користен како корисен идиот, а потоа ќе биде отфрлен.
Ќе загуби во сопствената партија, ќе остане без поддршка и ќе биде заменет од некој што ќе прифати вистинско партнерство.
Историјата нема да му прости, зашто во момент кога државата се бори за европска иднина, тој избра лични калкулации.
И кога треба да се спојува, тој се дели. Тоа е крајот на еден политичар кој не знае што е државност, но многу добро знае што е интерес.
И тоа е македонската вистина за еден лажен реформатор.
МЕЏИТИ И ИЗЈАВАТА НА АЛИ АХМЕТИ: ПОЛИТИЧКОТО ВРАЌАЊЕ НА УЛИЦА

Изет Меџити, по изјавата на Али Ахмети дека ако не се ослободи поранешниот министер, ќе излезе на улица, веднаш реагираше, нагласувајќи дека ова претставува политички притисок и манипулација.
Ваквите пораки се знак дека Ахмети ја губи контролата и се враќа во времето на уцени и улици.
Меџити го постави Ахмети во позиција која не дозволува никакви компромиси, укажувајќи дека ова не е пат за разрешување на политичката криза.
Ахмети се обидува да ја злоупотреби ситуацијата, гледајќи како неговите партии и политички интереси пропаѓаат.
Но времето на политичко насилство е минато.
АЛИ АХМЕТИ, ТАРАВАРИ И НОВАТА ПОЛИТИЧКА ВЛАДА: ПРЕД ИЛУЗИЈАТА НА ТРАМП И СТРАТЕГИЈАТА НА МИЈАТОВИЌ

Додека Таравари се обидува да се прикаже како партнер во политичките процеси, новиот политички контекст, со активностите на Доналд Трамп, ја доведува во прашање ефикасноста на политиката на Ахмети.
За разлика од него, Трамп се покажа како силен политички актер кој има моќ да ја менува динамиката на Балканот.
Мицкоски се потпира на стратегија која има потенцијал да го дестабилизира сегашниот политички поредок, но со цел да се исчисти корумпираниот систем, а не да се одржи.
Мијатовиќ, комесар за човекови права, потсетува на Хашките случаи – стратегија која може да го отвори патот за правда без етнички селективитет.
РЕЗИМЕ:
Македонија се наоѓа на крстопат на политички конфликти, коалиции и манипулации.
Личните амбиции на политичарите како Таравари и Ахмети, со поддршка од надворешни играчи, ја прават земјата нестабилна.
Но има и друг пат. Пат на визија, државност и истрајност.
Мицкоски остава простор за обединување и реформирање, со фокус на интеграција без уцени, партнерства без подметнувања и иднина без лажни реформатори. Тоа е патот на новата Македонија.

