Тешко повредени двајца млади во сообраќајка меѓу мопед и ‘Ауди’ во Охрид

Охрид Црна хроника

На 22.09.2025 во 18:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„7 Ноември“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од (18) од Охрид и патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од (23) од селото Велгошти, охридско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот и неговата сопатничка, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“.

Please follow and like us: