Апелација ја потврди едногодишната затворска казна за Стевчо Јакимовски – тој вели пресудата е политичка за да не се кандидира за градоначалник

Македонија

Апелацискиот суд ја потврди првостепената пресуда со која поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски е осуден на една година затвор за бесправно градење. Во казната ќе се пресмета и времето поминато во куќен притвор.

Кривичен суд

„Второ степениот суд, постапувајќи по жалба на обвинетите и на надлежниот Јавен обвинител донел пресуда со КОКЖ бр. 110/25 според која, пресудата против обвинетиот С.Ј. – поранешен градоначалник на општина Карпош, за кривичното дело – Бесправно градење од чл. 244 – а ст.1 од КЗ за кое дело му е утврдена казна затвор во траење од 1 година СЕ ПОТВРДУВА, а во изречената казна затвор му се засметува и времето минато во куќен притвор од 19.03.2019 год до 15.08.2019 година“.

Од кривичниот суд потврдија дека денеска ја добиле пресудата по што таа ќе биде прераспределена до судија за извршување на санкции и ќе следува испраќање на упатен акт до осудениот. Со оглед на тоа што Јакимовски беше во куќен притвор пет месеци, во затворската казна му се засметува и времето поминато во притвор, па казната што ќе треба да ја издржи е седум месеци.јакимовски тврди се работи за политички прогон .

Во однос на обвинението за „Злоупотреба на службената положба и овластување“, жалбата на Јакимовски е прифатена и предметот е вратен на повторно судење. Судот посочи дека делото се однесува на периодот од 2011 до 2017 година и дека постои можност случајот да застари во текот на 2027година.

Please follow and like us: