Николоски: Потребна е посилна соработка со Албанија за заштита на Охридскиот Регион

Охрид

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари средба со амбасадори на УНЕСКО, на која се разговараше за приоритетите на Македонија во заштитата и одржливиот развој на природното и културното наследство.

На средбата беше истакната потребата од зајакнување на прекуграничната соработка со Албанија во заштитата на Охридското Езеро и Охридскиот Регион, со порака дека природата не познава граници и бара заедничка грижа.

Посебен акцент беше ставен на одржливиот развој на Охридскиот Регион, кој ги опфаќа општините Охрид, Струга, Дебрца и Поградец. Соговорниците се согласија дека регионот има исклучителна универзална вредност и претставува богатство кое треба да се зачува за идните генерации, истовремено овозможувајќи одржлив развој во интерес на граѓаните.

https://www.facebook.com/share/p/191H6xZt8F/

Please follow and like us: