Денеска (27 јуни 2026 година) во 14:00 часот на граничниот премин Блато, министерот за внатрешни работи на Македонија, Панче Тошковски, и министерот за внатрешни работи на Република Албанија, Бесфорт Љамалари, ќе потпишат Договор за воспоставување заеднички гранични премини и спроведување заеднички гранични контроли меѓу двете држави.
По потпишувањето на договорот, предвидени се изјави за медиумите од двајцата министри.
Со договорот се воспоставува современа рамка за поефикасно управување со заедничката граница, со цел да се олесни движењето на патници и стоки, да се унапреди безбедноста и да се намали времето на чекање на граничните премини. Исто така, предвидена е институционална соработка, постепена имплементација преку посебни протоколи и зајакната координација и размена на информации меѓу надлежните служби на двете земји.

