Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Охрид–Подмолје, три лица повредени

Охрид Црна хроника

На 01.07..2026 година во 16:20 часот, на автопатскиот патен потег Охрид-Подмолје, кај клучката „Св. Еразмо“, патнички автомобил „Опел“ со струшки регистарски ознаки, управуван од (70) од струшкото село Подгорци, излетал надвор од коловозот и удрил во метален електричен столб. Тој, како и две малолетни лица на  14 и 16 годишна возраст од селото Подгорци, се префрлени во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде им биле констатирани тешки телесни повреди. По наредба на јавен обвинител, увид на местото на незгодата, извршија полициски екипи.

Please follow and like us: