На 03.07.2026 во 14:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале запрено патничко возило „киа“ со охридски регистарски ознаки, претходно управувано од (58), електричен мопед „јадеа“ со охридски регистарски ознаки, управуван од (39) и 56- годишната-пешак, сите од Охрид. Притоа, мопедот удрил во (56), која се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото изврши екипа на СВР Охрид.
Please follow and like us:

