Драма над македонското небо: Се скршил прозорец на „Рајан Ер“, држеле патник да не излета

Регион

Вистински хорор во воздухот доживеале патниците на авионот на „Рајанер“ што полетал од Солун кон Минхен во Германија вчера наутро.

Според сведоштвата на патниците, сè започнало со силен звук сличен на експлозија, по што во кабината настанала паника. Наводно, поради падот на притисокот, воздухот го повлекол човекот што седел до оштетениот прозорец, додека неговата сопруга и другите патници се обиделе да го држат и да го вратат на неговото место.

Според првите информации, инцидентот е предизвикан од дефект на моторот на авионот што сообраќал на релација Солун-Минхен. Поради дефектот, како што е наведено, се одвоиле некои делови од моторот, кои го удриле прозорецот на кабината и предизвикале негова штета.

Пилотите го откриле проблемот додека авионот бил над Македонија и одлучиле да се вратат во Солун зашто дефектот не можел да се реши во воздух.

Please follow and like us: