Двајца скопјани уапсени во Охрид по напад врз малолетник со тврд предмет

Охрид Црна хроника

На 31.07.2026 во 03:20 часот на бул.„Железничка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода (20) и (18), двајцата  од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во ноќен клуб на булеварот, а потоа и на бензинска станица физички нападнале малолетник од Скопје, при што употребиле тврд предмет. Физичкиот напад врз малолетникот во СВР Охрид бил пријавен во присуство на претставници од Центарот за социјални работи, а по консултации со јавен обвинител, против напаѓачите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Please follow and like us: