46-годишен турист од Грузија се удави во Охридското Езеро кај Пештани

Охрид Црна хроника

На 12.08.2026 во 14:32 часот во СВР Охрид е пријавено дека од водите на Охридско езеро кај Пештани било извлечено машко лице – давеник. Екипа на Итна медицинска помош се обидела да го реанимира лицето, но набргу констатирале дека лицето починало и дека нема видливи повреди. Притоа, било констатирано дека се работи за туристот Б.Д.(46) од Грузија. Увид бил извршен, а по Наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Please follow and like us: