Кривична пријава против 36-годишен стружанец: Со „голф“ вршел такси превоз без лиценца

Охрид Регион

СВР Охрид поднесе кривична пријава против (36) од струшкото село Делогожда поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“ по член 284-а од Кривичниот законик. При контрола извршена на 10.09.2026, полициски службеници од СВР Охрид го затекнале пријавениот при вршење такси превоз на патници во внатрешниот сообраќај со неговото возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, при што било констатирано дека немал лиценца за вршење на јавен превоз на лица за возилото.

Please follow and like us: