Мицкоски: Имаме историска одговорност да покажеме дека може да ја кренеме државата повисоко од кога било досега

Општо

да покажуваме колку големи успеси можат да создадат луѓето на една мала држава. Никој нема да ни подари развиена економија, никој нема наместо нас да ги изгради нашите компании и никој нема да ја создаде иднината што ја посакуваме, доколку самите немаме храброст, дисциплина и истрајност да работиме за неа. Нашата цел не е само да стигнеме до врвот, туку да изградиме држава во која секоја следна генерација ќе има повисок врв кон кој ќе се искачува, поголеми можности што ќе ги освојува и посилна економија врз која ќе ја гради својата иднина. Тоа е нашата обврска пред граѓаните, тоа е нашата одговорност пред генерациите што доаѓаат и тоа е амбицијата од која нема да отстапиме. Затоа што силна држава не се создава со мали амбиции, туку со големи цели, со храбри одлуки и со резултати кои остануваат зад нас, порача премиерот Мицкоски на вечерашната манифестација во Македонската филхармонија.

Врвот, рече Мицкоски, не се подарува, до него се стигнува, а нашата генерација има историска одговорност да покаже дека може да ја искачи државата повисоко од кога било досега.

Please follow and like us: