Нефи Усеини ќе ја предводи листата на ДУИ во Охрид

Контроверзниот охридски бизнисмен, Нефи Усеини, повторно ќе ја предводи советничката листа на ДУИ во Охрид. Усеини беше советник и во претходниот состав на Советот, но си поднесе оставка во ноември 2020 година. Неговото име на охридската јавност и е познато од поодамна, но на пошироката јавност и стана познато по дивоградбата кај Чинарот и бетонската […]

Повеќе

Египќаните на избори со сопствена листа, дали ДУИ ќе бара спас преку листата на СДСМ?

Започна предизборието, а со тоа и политичките калкулации. Деновиве започна процесот за собирање потписи за независни советнички листи во општина Охрид. Претставниците на Египќаните, како што самите објавија на Фејсбук, за само 24 часа ги собрале доволниот број на потписи за поднесување советничка листа. Очигледно беше нивното сериозно подготвување за целиот процес, преку организирање, комуницирање. […]

Повеќе

За прослава на Рамковен ќе се потрошат половина милион евра, Илинден се одбележа како во „време комитско“

Утре спектакуларно ќе биде прославена 20 годишнината од Рамковниот договор со кој беше ставен крај на воениот конфликт. Партијата ДУИ која прозилезе токму од паравоената ОНА, преку министерството за политички систем и односи на заедниците е главен организатор на прославата, пишува Република. На настанот се поканети над 300 гости, политичари, учесници во преговорите при потишувањето […]

Повеќе

Рамиз Мерко повторно ќе биде кандидат на ДУИ за градоначалник на Струга

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, денеска потврди дека Рамиз Мерко повторно ќе биде кандадат на ДУИ за градоначалник на Струга. Груби, кој во Струга учествува на трибина по повод 20 години Рамковен договор, изјави дека лидерот на партијата Али Ахмети одлучил на Генералниот совет на ДУИ да […]

Повеќе

ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Георгиески најде мнозинство за нови 17 вработувања на ДУИ во ЈП „Нискоградба“, но не најде за паркирањето

Вчерашната седница на Советот покажа уште една јавна сервилност на Георгиески кога е во прашање ДУИ, односно негова лична заложба како точките од интерес на ДУИ да бидат изгласани, велат од ВМРО-ДПМНЕ Охрид, во денешниот допис до медиумите. – За да опстои коалицијата со Усеини, Градоначалникот одобри нови 17 вработувања во ЈП „Нискоградба“ кое го […]

Повеќе

За време на владеењето на ДУИ, со македонско државјанство се стекнале 13 илјади Албанци

Заменик претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својот фејсбук профил објави дека за времето на владеењето на ДУИ, со македонско државјанство се стекнале 13 илјади Албанци. – Досега, над 13.000 Албанци граѓани на Македонија добија државјанство, додека вкупно се во постапка само 2.674 апликации, вклучително и […]

Повеќе

Внукот на Ахмети за раздорот во партијата: Ахмети работи да го спои ДУИ со СДСМ

Синоќа во „Клик Плус“ гостуваше Фатмир Лимани, заменик директор на ЕЛЕМ, внук на Али Ахмети и член на ДУИ, кој дебатираше заедно со политичкиот аналитичар Сефер Селими и со новинарот Фуркан Салиу на сите актуелни политички состојби во земјава. Лимани даде оставка пред една недела од сите позиции во ДУИ, и се промовираше како независен […]

Повеќе