Приведен 49-годишник во Охрид по пријава за физички напад врз сопругата

На 22.09.2026 во 16:05 часот на улица „Марко Цепенков“ во Охрид, полициски службеници од Полициската станица Охрид од слобода го лишија (49) од струмичко село, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата сопруга и ѝ нанел телесни повреди. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Германска државјанка пронајдена почината во хотел во Охрид

На 22.09.2026 во 23.40 часот во СВР Охрид било пријавено дека во хотел на кеј „Македонија“  во Охрид,била пронајдена почината Б.Х.К.(70) од Германија. Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.  

Повеќе

Тошковски: Да засукаме ракавите, децата ни заслужуваат подобра Македонија од онаа во којашто денес живееме

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска говореше на 75. дијалог-сесија на Националната конвенција за Европската унија во земјава (НКЕУ-МК) при што истакна дека наместо декларативни заложби, во земјава е потребно вистинско и конкретно работење за да се имплементираат европските вредности и стандарди. ​Обраќајќи им се на присутните амбасадори, европски претставници и експерти, Тошковски посочи […]

Повеќе

Над 60 стебла канабис пронајдени во кривопаланечко

Во полициска акција вчера беше откриена нелеглана плантажа на канабис во струмичко, од која одземени се 680 килограми стебла, а лишени од слобода се две лица. Како што соопшти денеска МВР, СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против З.М.(34) и А.Т.Г.(30), двајцата од општина Ново Село, поради постоење на основи на […]

Повеќе

ФОТО: Падна првиот снег во Македонија

Првиот ден од есента донесе вистинско изненадување на Пелистер, каде што утринава падна првиот снег. Официјалната Фејсбук страница на Националниот парк Пелистер ја сподели оваа временска промена, потврдувајќи дека новата сезона започна со снежни врнежи на планината. Оваа појава е вообичаена за високите планински предели во овој период од годината, означувајќи го завршувањето на топлите […]

Повеќе

Клековски: Имаме јавни примери каде луѓе кои се на боледување работат друга работа, сакаме тоа да го сузбиеме, а не да малтретираме

Сите измени на правилникот за боледување кои се планирани се правени врз основа на компаративни анализи. Има бројни злоупотреби на боледувањата и целта на измените е тие да се спречат. Има ситуации во кои луѓе кои се на боледување, на инстаграм објавуваат фотографии од одмор во Италија, рече денеска министерот за здравство Сашо Клековски. Тој […]

Повеќе

Македонската делегација ќе присуствува на состанокот на ЕУ со балканските земји во Њујорк

Македонската делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, која присуствува на Генералното Собрание на Обединетите Нации во Њујорк, денеска треба да учествува на состанокот на лидерите на Европската Унија и Западниот Балкан, јави специјалниот известувач на МИА од Њујорк. Состанокот го води високата претставничка за заедничка безбедносна и надворешна политика на ЕУ, Каја Калас. Во пресрет […]

Повеќе

Колумна на Слободан ТОМИЌ – Од војните на светот до битката за правото на една мала држава

81-ТО ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ НА ОН КАКО ТЕСТ ЗА ВРЕМЕТО, МОЌТА И ПРАВЕДНОСТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ ПОРЕДОК Пишува: Слободан ТОМИЌ „Силата на правдата не се мери според големината на државата што ја брани, туку според принципот што го брани.“ Мартин Лутер Кинг Џуниор Најголемата светска дипломатска сцена повторно е отворена. Во Њујорк започна генералната дебата на 81-то […]

Повеќе

Денес се празнуваат Светите маченички Минодора, Митродора и Нимфодора

Трите се родени сестри од некое место во Витинија Азиска. Воспитани во христијански дух, се повлекоа од градот во пустината, сакајќи да го воздигнат својот ум кон Бога и да се ослободат од сиот лажлив свет и така да го проживеат овој век во чистота и девственост, како вистински невести Христови. Се предадоа на голем […]

Повеќе