Приведени три лица од Охрид кај Струга – пронајдена бела прашкаста материја во возило „мерцедес“

На 23.04.2025 во 18.30 часот, полициски службеници од ОВР Струга ги лишија од слобода (33), (40) и (32), сите од Охрид, затоа што при преглед во возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, во кое се превезувале е пронајдена и  одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Денес се празнува Светиот свештеномаченик Антипа, епископ Пергамски

Се спомнува во книгата на Откровението како „Антипа, мојот верен сведок“ (Откр. 2, 13), „кој беше убиен кај вас, меѓу кои пребива сатаната,“ т.е. во градот Пергам. Жителите на овој град живееја во мракот на идолопоклонството и во крајна нечистота; им беа робови на страстите, клеветници, насилници, крвомешачи и со еден збор сатански слуги. Антипа […]

Повеќе

Колумна на Слободан ТОМИЌ: ДОСТА Е! Македонија или држава, или ПРОТЕКТОРАТ!

Пишува: Слободан ТОМИЌ Македонија денес е лушпа.Осакатена, испокрадена, распната на крстот на три децении политички кукавичлук и мизерен клиентелизам. Зошто? Затоа што ниту еден од т.н. „државници“ не покажа кичма.Политичари без визија, без став, без љубов кон народот – само со стомак гладен за тендери и фотелји. Ни СДСМ ни ВМРО-ДПМНЕ, во изминатите децени, не […]

Повеќе

Охрид го чествува ликот и делото на Христо Узунов

Во чест на Јубилејот: 120 години од  хероската погибија на  Христо Узунов, Општина Охрид, денеска организираше Свечена академија во спомен куќата на големиот охридски војвода и револуционер. Пред бројните присутни, свој пригоден говор имаше градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков. – Насочени кон иднината, бескрајно горди на  минатото,  благодарни за  саможртвата  за слободна  Македонија, денес со […]

Повеќе

Отворен ден на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“

Во четврток, на 24 април, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид ќе организира Отворен ден. Настанот претставува одлична можност за посетителите да се запознаат со студиските програми, да присуствуваат на наставни часови, да разгледаат апликативни проекти и да разговараат со студенти и професори. Посебно внимание ќе биде посветено на панел-дискусијата […]

Повеќе

Американската пијанистка Клер Хуангчи ќе го отвори јубилејното 65.„Охридско лето“

Американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи ќе го отвори јубилејното 65. издание на фестивалот „Охридско лето“, на 12 јули на Античкиот театар во Охрид. Ова денеска го обелодени директорот на Националната установа „Охридско лето“ , Ѓорги Цуцковски, на прес-конференција на која беше промовирана програмата на годинешното фестивалско издание. -За свеченото отворање под наслов […]

Повеќе

Денес се празнуваат Светите маченици Теренциј, Африкан, Максим, Помпиј и останатите триесет и шестмина со нив

Пострадаа за Христа и стекнаа венци на бесмртна слава во времето на царот Декиј. На заповед од царот, намесникот на Африка му објави на сиот народ дека мора да им принесуваат жртви на идолите. Во спротивно, им се закануваа со страшно мачење. Кога ги слушнаа овие закани мнозина отпаднаа од верата и им се поклонија […]

Повеќе

Колумна на Слободан ТОМИЌ: Таравари – Политички голуб во јатото на достоинството

Пишува: Слободан ТОМИЌ По 1 мај, премиерот Христијан Мицкоски ќе се сретне со Арбен Таравари, министер за здравство и лидер на едното крило од Алијанса за Албанците.  Според владината прес-служба, таа средба ќе биде пресудна за неговата иднина во Владата.  Но прашањето веќе не е „дали ќе остане“, туку зошто сè уште е таму. Владата […]

Повеќе

Тешка сообраќајна несреќа кај Пресека: Повредени шест лица, меѓу нив и две малолетни

На 21.04.2025 во 15.30 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај планинскиот превој „Пресека“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од (53) од Франција и „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од (42) од Куманово. Во несреќата, возачот на возило „киа“ и сопатничката (19) од Франција се здобиле […]

Повеќе

Физичка пресметка меѓу мајка и малолетна ќерка пријавена кај регионалниот пат Кичево-Битола

На 21.04.2025 во 17.05 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во близина на регионалниот пат Кичево-Битола, по претходна расправија, настанал физичка пресметка помеѓу (36) и нејзината малолетна ќерка, двете од Кичево. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе