Пишува: Слободан ТОМИЌ

Македонија денес е лушпа.
Осакатена, испокрадена, распната на крстот на три децении политички кукавичлук и мизерен клиентелизам.
Зошто?
Затоа што ниту еден од т.н. „државници“ не покажа кичма.
Политичари без визија, без став, без љубов кон народот – само со стомак гладен за тендери и фотелји.
Ни СДСМ ни ВМРО-ДПМНЕ, во изминатите децени, не успеаја да го стават македонскиот народ на прво место.
Зошто?
Затоа што не ја разбрале суштината: тие се државотворни партии – но само на хартија.
На дело, беа глинени кукли во рацете на странски центри и домашни криминални кланови.
Македонците, оние кои Македонија ја чувствуваат како единствена татковина, се сведени на безгласна буква во сопствениот дом.
Во државата на дедовците, тие стануваат „кираџии“ – молчаливи, понижени и предавани.
Уставот е претворен во „фонтана на желби“ за албанските политички поглавици, кои се однесуваат како Македонија да им е плен од 2001 година, а не држава во која се родени и чии пасоши ги носат.
Но, не сите Албанци се исти.
Не сите молчат. Не сите се Ахмети, Таравари, Села.
Постојат и интелектуалци, граѓани со разум, со морална вертикала.
Еден од нив е Џевдет Хајредини – човек кој јавно изјави: „За Македонија одлучуваат Македонците како мнозинство – исто како што во Албанија одлучуваат Албанците.“
Јасен, праведен, искрен став.
Да, тоа е гласот што треба да се слушне – не гласот на шибицарите што сакаат федерализација преку задна врата.
Села и Таравари сонуваат бинационална држава.
Повикаа обединување за да изнудат нови избори, за уште осум точки „во интерес на Албанците“.
А што е со интересите на Македонците, господа?
Дали вие воопшто верувате во концепт на заедничка држава?
Или ве интересира само нова уцена, ново министерство, нова фотелја?
ДУИ пак, како змија во тревата, се жали на „албанофобија“ затоа што некоја веб-страница не била доволно преведена.
Во суштина, сакаат да ја претворат Македонија во Бадинтер-република, каде што етничката припадност е поважна од компетентноста, каде што коалициите се пазарења, не вредносни сојузи.
Но, времињата се менуваат.
Народот кажа: ДОСТА Е!
На последните избори, над 600.000 граѓани му дадоа доверба на Христијан Мицкоски – лидер на тогашната опозиција, денес премиер.
Тоа не е бројка – тоа е повик.
Повик да се стави крај на овој политички театар.
Повик за правда.
Повик за нов поредок, македонски поредок, каде државата ќе стане симбол на закон, ред и достоинство.
Мицкоски мора веднаш:
Да донесе итни законски измени – без амнестии, без компромиси;
Да го врати концептот на унитарна Македонија, во која нема да има место за етнички пазари;
Да го започне чистењето на институциите од криминалци кои со години го труеја системот.
Шверцот со убиствениот мазут не е само економски криминал – тоа е масовно еколошко убиство и како такво треба да се третира.
По 4.000 животи годишно се губеа во сенката на криминалот.
Време е тие да завршат зад решетки – не со кауција, туку со максимални казни.
Длабоката држава е мртва.
Не постојат веќе вашингтонските емисари со зелени фасцикли.
Нема повеќе Бугајски, Сервер, Џозеф.
Нема повеќе „бизнис“ со Македонија.
Има само една шанса: Македонија или ништо.
Мицкоски, ова е твојот час. Историјата ти даде карта во рака. Поведи го народот. Врати ја државата. Отвори војна на криминалот.
Донеси ја Македонија дома – кај оние кои ја сакаат, кои плачат за неа, кои немаат друга.
ОСТРА САБЈА ПО ГНИЛИТЕ КОРЕНИ НА ДРЖАВАТА
Нашата држава се наоѓа на критична раскрсница, помеѓу комфорната стагнација и потребата од храбри, суштински реформи.
Планот за раст и Реформската агенда не се само формални предуслови за евроинтеграција, туку се инструменти за темелно заздравување на општеството.
Корупцијата – систем, а не случај
Корупцијата кај нас не е поединечна девијација, туку систем кој се штити сам себе.
Систем во кој влегуваш ако молчиш, и излегуваш само ако те избркаат.
Уцената е секојдневие – „плати за да добиеш“, „зашиј уста за да преживееш“.
Ова не е демократија, туку затвор без решетки.
Народот е заложник, правдата – исмевана, а институциите се парализирани.
Судството е најсилното оружје што го изгубивме.
Без деполитизирано судство, без отчетни институции и заштитени обвинители и судии, не можеме да зборуваме за европска иднина.
Додека судиите добиваат аплаузи од партиски штабови, а обвинителите го чекаат политичкиот ветер за да поднесат обвинение – државата не се движи напред, туку тоне.
Реформите мора да бидат хируршки
Реформите во правосудството мора да бидат прв приоритет. Не шминка. Не козметика.
Туку длабока хирургија.
Ампутирање на гнилиот дел, па дури и по цена да заболи.
Подобро сега болка – отколку утре ампутација на целата држава.
Нема повеќе простор за симулации.
Ако сакаме функционална држава, мораме да изградиме судски систем кој нема да се плаши од моќните и нема да го гази сиромашниот.
Судија кој ќе осудува врз основа на факти, а не по телефонски повик.
Обвинител кој ќе истражува криминал, а не ќе го закопува во фиока.
Народ кој ќе верува во правдата, а не ќе се смее кога ќе слушне за неа.
Економијата не може да цвета на гнила почва
Истовремено, стабилна економија и силна, инклузивна социјална политика се основа за напредок.
Но како да имаме напредок, кога фирмите се уценувани, а инвеститорите бегаат од држава каде што се плаќа за дозвола, лиценца, тендер?
Реформите ќе бидат успешни само доколку ги водиме со поддршка на домашните претприемачи.
Потребни се правични услови за пазарно натпреварување.
Секој да има еднаква шанса – без разлика дали е „некој“ или „никој“.
Работникот мора да добие фер плата.
Не е нормално во 21 век човек со полно работно време да не може да го прехрани семејството.
Реформите не се Excel табели.
Тие се живот.
Тие се одлуки што ќе определат дали младите ќе останат или ќе заминат.
Дали мајките ќе плачат на аеродром, или ќе се радуваат дома.
МИЦКОСКИ: „ПРВИТЕ 6 МЕСЕЦИ СЕ РЕФОРМСКИ. ПОТОА – ОДГОВОРНОСТ!“
Премиерот вчера порача:
„Првите шест месеци ќе бидат реформи, основа за прочистување на институциите. Потоа следи фаза на одговорност и конкретни резултати.“
Ова не е реторика – ова е ветување.
Или ќе се исчисти системот – или ќе не снема.

