Пецаков: Општина Охрид за прв пат после долги години има НУЛА долг по основ на судски извршни решенија

Изговрениот збор за нас има тежина. Секое дадено ветување пред Вас за нас значи завет. Оваа генерација на Локалното раководство ја презеде најкомплексната операција, а тоа е конечно раздолжување на Општина Охрид и почеток на нормално фукнционирање на Локалната самоуправа. За нас важи девизата – „Кога се сака, се може“. Затоа денес, сакам да кажам […]

Повеќе

Денеска е Водокрст или Водопост, ова се обичаите и верувањата за овој ден

Ден пред големиот христијански празник Богојавление – Водици, на празникот наречен Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет. Празникот е познат под имињата Водокрштение и Водокрст или Водопост. Водокрст доаѓа од крштевањето односно осветувањето на водата, а Водопост поради тоа што се работи за строг пост. Во Светата Црква се воспева силата и моќта […]

Повеќе

ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Криминалната СДС е против поддршката за ракометот и спортот во Охрид

Како печурки никнуваат оние дужегрижници кои откако го понижија спортскиот работник и спортистот сега оркестрирано започнаа да шират лажни вести и дезинформации за спортските клубови и градоначалникот д-р Кирил Пецаков. Господата од СДС и нивниот пулен Левица се толку изгубени што на секаков начин се обидуваат да го оцрнат домаќинското работење на Локалната власт предводена […]

Повеќе

(ФОТО) Охрид се украсува за празникот Богојавление-Водици

Ј.П. Охридски Комуналец активно вклучен во подготовките на културно-верската манифестација Богојавление-Водици. Оперативните служби на претпријатието, традиционално со активности пред најмасовната манифестација посветена на христијанскиот празник Богојавление-Водици, за достојно одбележување како што му доликува на Охрид. Се расчистува делот од градското пристаниште од каде верниците влегуваат во езерските води по Светиот крст, ангажирана е и специјална […]

Повеќе

Охриѓанка го истепала сопругот

На 16.01.2024 година во 00.10 часот во СВР Охрид е пријавено дека охриѓанка во семејниот дом физички го нападнала нејзиниот сопруг. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот Стефан Димоски.

Повеќе

Најтопло утринава било во Охрид, а најстудено во Петровец

Најстудено утринава било во Петровец, а најтопло во Охрид, покажуваат утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи. Во Петровец се измерени -3 степени, во Струмица -2 степена, на Зајчев Рид -1 степен. Нула степени се измерени во Тетово и Гевгелија, еден степен во Крива Паланка, Берово, Маврови Анови, Куманово и Велес, два степена во Демир […]

Повеќе

(ФОТО) Традиционален василичарски појадок во општина Охрид

Секретарот Александар Китески, Елена Јанковска – Цветаноска и Никола Прангоски  се најсреќните меѓу вработените во Локалната самоуправа. Тие денес ја пронајдоа паричката што по повод  големиот христијански празник  Православна Нова година – Василица  по традиција на заеднички појадок  се бара во Општина Охрид. Појадокот беше организиран од минатогодишните кумови,  Даниела Ристова, Васко Маркоски и Даме […]

Повеќе

Сестрата на Бујар Османи, снаата на Груби, снаи и синот на Алими, внуци на Незири и Николовски вработени во М НАВ

„Според лица вработени во М-НАВ со кого Телма разговараше дојдовме до информација дека од неодамна е вработена сестрата на министерот за надворешни работи Бујар Османи, снаата на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, снаи и синот на поранешниот пратеник од ДУИ Ејуп Алими, внук на советникот на директорот […]

Повеќе

Вечер е Стара нова година, а утре Василица и Обрезание Господово

Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечер ќе ја пречекаат Православната нова година, која почнува утре на Василица. Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден. На семејната трпеза се крши погача со […]

Повеќе

Охриѓанец агресивно се однесувал кон членови на семејството

На 11.01.2024 година во 18.40 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е 56-годишен охриѓанец кој, претходно во семејниот дом, агресивно се однесувал кон членови на неговото семејство. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Повеќе