(ФОТО) Охрид се украсува за празникот Богојавление-Водици

Охрид

Ј.П. Охридски Комуналец активно вклучен во подготовките на културно-верската манифестација Богојавление-Водици.

Оперативните служби на претпријатието, традиционално со активности пред најмасовната манифестација посветена на христијанскиот празник Богојавление-Водици, за достојно одбележување како што му доликува на Охрид.

Се расчистува делот од градското пристаниште од каде верниците влегуваат во езерските води по Светиот крст, ангажирана е и специјална механизација.

Се украсува централното градско подрачје и градското пристаниште во знакот на Богојавленските празнувања.

Јавната хигиена на локациите каде ќе одвиваат настаните се одржува на највисоко ниво.

Please follow and like us:
Tagged