ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Криминалната СДС е против поддршката за ракометот и спортот во Охрид

Охрид

Како печурки никнуваат оние дужегрижници кои откако го понижија спортскиот работник и спортистот сега оркестрирано започнаа да шират лажни вести и дезинформации за спортските клубови и градоначалникот д-р Кирил Пецаков.

Господата од СДС и нивниот пулен Левица се толку изгубени што на секаков начин се обидуваат да го оцрнат домаќинското работење на Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ,,Обнова на Македонија” и градоначалникот Пецаков.

Пецаков основа ракометен клуб кој е спортска гордост на градот, што основавте вие?

Ништо, најдобро е признајте си дека сте експерти за затворање и уништување!

ГРК Охрид 2013 е наша гордост, гордост на Охрид!

За да ви биде појасно Советот на Општина Охрид носи годишна Програма за спорт и рекреација со која се обезбедува финансиска поддршка на спортските клубови и школи согласно Законот за локална самоуправа, Законот за спорт и други подзаконски акти.

Општина Охрид дава директна поддршка за спортските клубови во кои основачки влог има Општината, како и по јавен повик за распределување на буџетските средства за финансирање на спортски клубови и здруженија, настани, манифестации, спортисти.

И на тоа сме горди затоа што сме позитивен пример за сите како треба да се работи и како се насочува правилниот развој на младите.

Го повикуваме СДС да одржи прес-конференција против катастрофалното работење на поранешниот градоначалник од нивните редови Константин Георгиески и Игор Бежоски, претходен генерален директор на ракометниот клуб и поранешен секретар на Општината токму од редовите на СДСМ.

Зошто четири години истите тие не поднесоа ниту еден Извештај за работа на ГРК Охрид 2013?

Охридските спортски клубови и понатаму има да добиваат финансиска поддршка од Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ,,Обнова на Македонија”. Секогаш има да ги поддржуваме спортските клубови со цел поголем интерес за спортот и зголемување на спортските навики кај младите, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид која се однесува на прес на СДСМ и соопштение на Левица Охрид во врска со ГРК Охрид 2013.

Please follow and like us:
Tagged