Охриѓанец ја истепал сопругата

На 28.03.2023 во 20.30 часот во СВР Охрид, пријавено е дека З.Д. во семејниот дом во Охрид, физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга, двајцата од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Повеќе

18 годишен охриѓанец пронашол паричник со платежна картичка, па си пазарел во продавници и бензински пумпи

Поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.А.(18) од Охрид. Тој, на 05.03.2023 година, на улицата „7 Ноември“ во Охрид, пронашол паричник во кој имало платежни картички и други документи, при што противправно во неколку наврати, неовластено ја искористил платежната картичка […]

Повеќе

Јавен повик за пријавување на локации поволни за инвестирање

Општина Охрид во својот делокруг на работа, а во врска со спроведување на Г1 Програма за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2023 година под точка 1.3. Промоција на можностите за инвестирање во општина Охрид има за цел подготовка и промоција на брошура „Инвестирајте во Охрид“. Оваа активност предвидува изработка на брошура […]

Повеќе

(ФОТО) Градоначалникот Пецаков присуствуваше на чествувањата посветени на д-р Анастас Коцарев во Париз

Градоначалникот Кирил Пецаков присуствуваше на чествувањата посветени на светски познатиот научник, по потекло од Охрид, д-р Анастас Коцарев, кои се одржаа минатиот викенд во Париз, Франција. Настаните се организираа по повод 133 години од неговото раѓање и 92 години од неговата прерана смрт. Градоначалникот Кирил Пецаков заедно со градоначалникот на париската општина Бонди, Стефен Ерве положија […]

Повеќе

Од Македонија ќе остане пустош, ни се случува егзодус

Резултатите од пописот ни удрија шлаканица во лице, а статистиката со која се соочуваме секоја година е повеќе од загрижувачка. Но, ниту едното, ниту другото, не го запалија алармот дека Македонија се наоѓа пред демографска катастрофа. А податоците кои ни се пласираат треба да направат алармот да вришти, да нè потресе. Кои се причините за […]

Повеќе

Охрид и Париз го чествуваа големиот македонски научник д-р Атанас Коцарев

Изминатиот викенд во Париз беа одржани неколку манифестации посветени на ликот и делото на големиот македонски онколог и научник д-р. Анастас Коцарев, по повод 113-годишнината од неговото раѓање и 92-годишнината од упокојувањето. Чествувањата на Коцарев беа заокружени вчера со комеморативна церемонија одржана на неговиот гроб во париската општина Бонди, на која меѓу другите присуствуваа градоначалниците […]

Повеќе

Летови Сплит-Скопје, Белград-Охрид… и бројни сезонски линии со летниот ред на летање

Нови летови и нови авиолинии од домашните аеродроми се најавуваат во текот на летната сезона. Летниот ред на летови започнува да се применува од ноќеска на полноќ. Од ТАВ Македонија за МИА велат дека очекуваат успешна летна сезона и оваа да биде година на целосно постпандемиско закрепнување. -„Lufthansa“ од 23 април ќе почне да лета […]

Повеќе

ДЕТАЛИ ОД ЈО: Двајца возрасни и еден малолетник од струшко осомничени за полови дејствија со деца

Поради основано сомнение дека сториле кривични дела – Силување на дете кое не наполнило 15 години согласно член 188, Прикажување порнографски материјал на дете по член 193 и Задоволување на полови страсти пред друг согласно член 190 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Струга денеска поведе истрага против две лица, на возраст од 56 и […]

Повеќе

Промовирана книгата „Славе Ѓорѓо Димоски во книжевната критика“

Денеска беше промовирана книгата „Славе Ѓорѓо Димоски во книжевната критика“ од авторот Димитар Пандев во издание на Општина Охрид. Во името на Локалната самоуправа пред присутните се обрати секретарот на Општина Охрид, Александар Китески кој искажа големо задоволство што е дел од промоцијата на ова значајно издание. –  Меѓу современите македонски поети, едно од најистакнатите […]

Повеќе

Ученици од ООУ „Григор Прличев“ и ООУ „Свети Наум Охридски“ од Пештани во посета на Општина Охрид

Учениците од трето одделение при OОУ „Григор Прличев“ и учениците од трето, четврто, петто, осмо и девето одделение при OОУ „Свети Наум Охридски“ од Пештани денеска беа во посета на Општина Охрид. Градоначалникот Кирил Пецаков ги прими младите гости во големата општинска сала и ги запозна со основните информации околу начинот на функционирање на локалната […]

Повеќе