Ученици од ООУ „Григор Прличев“ и ООУ „Свети Наум Охридски“ од Пештани во посета на Општина Охрид

Охрид

Учениците од трето одделение при OОУ „Григор Прличев“ и учениците од трето, четврто, петто, осмо и девето одделение при OОУ „Свети Наум Охридски“ од Пештани денеска беа во посета на Општина Охрид.

Градоначалникот Кирил Пецаков ги прими младите гости во големата општинска сала и ги запозна со основните информации околу начинот на функционирање на локалната самоуправа, јавните претпријатија и општинскиот совет. Љубопитните ученици поставуваа низа интересни прашања, на кои градоначалникот со задоволство одговараше.

Ученичките посети се дел од наставната програма по предметите Општество и Граѓанско образование.

DSC0058
DSC0060
DSC0061
DSC0064
DSC0067
DSC0068
DSC0070
DSC0073
Please follow and like us:
Tagged