Тепачка пред продажен објект на „Партизанска“ во Охрид, шест лица инволвирани

На 27.06.2026 во 05:32 часот, во СВР Охрид е пријавено дека пред продажен објект лоциран на улицата „Партизанска“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу (17), (20), двајцата од охридското село Лескоец, (19) и (18) од Охрид од една и (22) и (28,) двајцата од Скопје, од друга страна. По […]

Повеќе

Љутков од Охрид: Остануваме посветени на зачувувањето на ова исклучително светско, природно и културно наследство, во партнерство со УНЕСКО

Во Охрид, денес остваривме значајна работна средба со постојаните делегати – амбасадори и други претставници при УНЕСКО во Париз на државите – членки на Комитетот за светско наследство. Ваквите средби се можност преку отворен дијалог и соработка да ги претвориме препораките во конкретни активности. Нашата определба е системски да ја унапредуваме заштитата на Охридскиот Регион, […]

Повеќе

Николоски: Остваривме значајна средба со амбасадори од УНЕСКО, на која разговаравме за приоритетите на Македонија во делот на заштитата и одржливиот развој на нашето природно и културно наследство

Денеска во Владата остваривме значајна средба со амбасадори од УНЕСКО, на која разговаравме за приоритетите на Македонија во делот на заштитата и одржливиот развој на нашето природно и културно наследство.Потребна е силна меѓугранична соработка со Албанија во делот на заштита на Охридското Езеро и заштита на Охридскиот Регион, природата не познава граници и потребно е […]

Повеќе

Заеднички гранични премини и заеднички гранични контроли меѓу Македонија и Албанија

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за внатрешни работи на Република Албанија Бесфорт Љамалари денеска во Пешкопеја, Албанија потпишаа Договор за воспоставување заеднички гранични премини и спроведување заеднички гранични контроли меѓу двете држави. Со овој договор се воспоставува современа и функционална рамка за поефикасно управување со заедничката граница, со цел олеснување на движењето […]

Повеќе

„Поетски портрет“ и „Поетско кафе“ со добитничката на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, Анеке Брасинга

„Поетски портрет“ на добитничката на „Златен венец“, холандската поетеса Анеке Брасинга, кој традиционално ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во Охрид, денеска (27 јуни) е во фокусот на програмата на Струшките вечери на поезијата.Публиката ќе има можност одблиску да се запознае со творечкиот опус на лауреатката, чие поетско дело зазема значајно место во современата […]

Повеќе

Денес се празнува Светиот пророк Елисеј

Живееше 900 години пред Христа. Кога Господ сакаше да го земе кај Себе престарениот Пророк Илија, му откри дека за наследник во пророчката служба му го одредил Елисеј, синот Сафатов, од племето Рувимово, од градот Авелмаул. Илија му ја кажа на Елисеј волјата Господова и го покри со својата наметка и испроси од Бога двојна […]

Повеќе

Пецаков: Започна петтото издание на Ohrid Wine Festival

Со одлична атмосфера, квалитетно вино и богата музичка програма, синоќа започна петтото издание на Ohrid Wine Festival. Бројни посетители уживаа во понудата на врвни вина, додека за забавата се погрижија Група Сарај, Дани Димитровска и Меморија. Фестивалската програма продолжува и вечерва, со уште многу добро вино, музика и позитивна атмосфера. https://www.facebook.com/share/p/1BJ13iAphQ/ Please follow and like […]

Повеќе

Николоски: Потребна е посилна соработка со Албанија за заштита на Охридскиот Регион

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари средба со амбасадори на УНЕСКО, на која се разговараше за приоритетите на Македонија во заштитата и одржливиот развој на природното и културното наследство. На средбата беше истакната потребата од зајакнување на прекуграничната соработка со Албанија во заштитата на Охридското Езеро и Охридскиот Регион, со порака дека […]

Повеќе

Кривична пријава за поранешен градоначалник на Дебрца

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60) од село Волино, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Тој, во својство на  градоначалник на општина Дебрца, свесно, со пропуштање на должен надзор и со несовесно постапување односно без потпишан договор, им овозможил на неколку правни субјекти во деловна зграда сопственост […]

Повеќе

Пијан возач во Охрид оштети шест паркирани автомобили и се обиде да избега

На 25.06.2026 во 12:20 часот на улица „Питу Гули“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода (79) од охридското село Коњско. Тој, претходно, на булевар „Туристичка“ во Охрид, управувајќи патнички автомобил „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода во која оштетил шест паркирани патнички автомобили, по што не застанал, туку продолжил да го управува […]

Повеќе