Неексплодирана бомба извадена од водите на Охридското Езеро, во близина на градското пристаниште

Охрид

На 29.03.2023 година околу 12 часот, од водите на Охридското Езеро, во близина на Градското пристаниште, безбедно е извадена и подигната неексплодирана бомба М-24, која датира од Втората светска војна.

Вадењето и транспортирањето на бомбата е извршено од страна на пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Please follow and like us:
Tagged