Во Охрид се одржа Прва академија за здравство

Охрид

Денеска во Охрид, во организација на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, се одржа Прва академија за здравство.

Пред присутните доктори и здравствени работници се обрати градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

“Навистина претставува големо задоволство што како градоначалник на Охрид, но и како доктор имам можност да бидам присутен на „Првата академија за здравство“.  Особено Ви сум благодарен што за град каде да се одржува овој настан го избравте токму Охрид. Се надевам дека организирањето на Академијата за здравство ќе прерасне во една убава традиција и од година во година ќе се надградувате и ќе станувате побројни.

Чувството да се биде помеѓу сите овие еминентни докторски имиња е повеќе од пријатно. Уверен сум дека сите говорници на оваа академија ќе успеат да ги пренесат нивните достигнувања во сферата во која работат, а со тоа ќе дадат придонес за понатамошно напредување на областа.

Изминатите неколку години беа вистински предизвик за сите, но, особено за здравствените работници. Борбата со непознатото, не научи дека токму преку ваквите собири здравствената фела се кали, надоградува и подготвува за успешен излезен од било која несакана состојба, без разлика дали станува збор за кризна ситуација или пак за комплексен медицински случај. Споделувањето на најновите достигнувања, претставува дополнителен поттик кај секој да го продолжи патот онаму каде што застанал претходникот. И така работејќи во низа, се доаѓа до најновите откритија кои не само што ни ја олеснуваат работата, туку имаат голем бенефит врз луѓето.

Оваа прилика би сакал да ја искористам и да се заблагодарам на секој еден здравствен работник, без разлика во кој дел од хиерархијата е, за придонесот што го дадоа и даваат во борбата за подобрувањето на здравјето кај луѓето.

За крај би ви посакал успешна и плодна работа, и голем успех на личен и професионален план”.

Please follow and like us:
Tagged