(ФОТО) Градоначалникот Пецаков приреди Ифтарска вечера за верниците од исламска вероисповед од Охрид

Охрид

Градоначалникот Кирил Пецаков вечерва приреди Ифтарска вечера за верниците од исламска вероисповед од Охрид.

“Ми претставува особена чест и задоволство што во духот на заедништвото и взаемното почитување, ја организиравме оваа традиционална Ифтарска вечера, со цел да испратиме порака за поголема хуманост и солидарност.

Рамазанскиот пост ги буди и ги поттикнува најголемите човечки вредности и ни дава поука дека добрите дела се основен предуслов за мир и благосостојба.

Нека овој свет месец на сите верници им донесе радост, добра мисла и нека биде значаен мотив за поголемо разбирање и хармонија.

Празниците не учат да простуваме, помагајќи си едни на други и затоа посакувам вербата во Бога да ни даде сила да продолжиме по патот на соживотот, како една од главните придобивки на мултиетничкото живеење и заеднички да градиме поубава иднина за нашиот Охрид и нашата Македонија.

Нека ви е на здравје постот и во радост и мир да го дочекате големиот празник Рамазан Бајрам. Нека вашите молитви ви донесат многу љубов, а вашите домови нека се исполнат со радост, која ги грее срцата и носи мир во душите.

Убеден сум дека и во иднина ќе продолжиме на ваков начин, сполотени и заеднички, да ги чествуваме сите големи верски празници и да создаваме моменти вредни за спомен и достојни за пофалба”, истакна градоначалникот Пецаков пред верниците.

Please follow and like us:
Tagged