Македонската Традиционална Таеквондо Федерација (Таеквондо ИТФ) под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски црн појас V дан, поранешен светски вицешампион, од 17 до 25 април ќе учествува на Европското Таеквондо ИТФ првенство во Јесоло-Италија
Боите на нашата држава ќе ги бранат седум искусни натпреварувачи:
- Софија Колушоска, црвен појас, ќе се натпреварува во девојчиња 11-14 години во две дисциплини, форми за црвен појас, борби – 50 кг. (државен првак )
- Христијана Парулеска, црн појас I дан, ќе се натпреварува во девојчиња 11-14 години во две дисциплини, форми црн појас I дан, борби – 50 кг. (државен првак и актуелна вицешампионка од Пореч –Хрватска 2022год.)
- Давид Крстески, црн појас I дан, ќе се натпреварува во јуниори 14-15 години во две дисциплини, форми црн појас I дан, борби – 55 кг. (државен првак и актуелен вицешампион од Пореч –Хрватска 2022год.)
- Владимир Димитриевиќ, црн појас I дан, ќе се натпреварува во јуниори 14-15 години во спаринг борби – 60 кг. (државен првак)
- Елена Јанеска, црн појас I дан, ќе се натпреварува во јуниорки 16 -17 години во две дисциплини, форми црн појас I дан, борби – 70 кг. (државен првак и актуелна вицешампионка од Пореч-Хрватска 2022год.)
- Давид Велковски, црн појас I дан, ќе се натпреварува во сениори во две дисциплини, форми црн појас I дан, борби – 71 кг. (државен првак )
- Божидар Димитриевиќ, црн појас I дан, ќе се натпреварува во сениори во две дисциплини, форми црн појас I дан, борби – 85 кг. (државен првак )
“Сите членови на нашата екипа имаат антидопинг сертификати, кои се задолжителни за учество на сите врвни натпреварувања. Подготовките течеа последните два месеци секојдневно, под будното око на националниот селектор Саша Поповски црн појас V дан, го дадовме сиот наш максимум и се надеваме на солидни резултати, според нивниот историјат на успеси можеме да веруваме во нашите натпреварувачи. Тројца од нашата екипа се во одбрана на успехот од претходното Европското првенство, каде станаа Европски вицешампиони, а исто така упорно се подготвуваа за повторно да се качат на пиедесталот, што ни е добар показател да се надеваме на добар пласман и на ова Европско првенство. Сите натпреварувачи имаат освоено многубројни медали, па се надеваме дека ќе го дадат максимумот и ќе не израдуваат со добар пласман, вели Марјанчо Лазаревски претседател на МТТФ и предводник на нашата репрезенатција.
Лазаревски изразува најголема благодарност до генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”, кој е најзаслужен за нивниот настап на ова Европско првенство, а воедно и за сите нивни успеси, како и до општина Охрид, која им помага на сите Таеквондо ИТФ клубови на ниво на општината и ги вреднува нивните успеси.



