Утре на градскиот плоштад во Охрид свечен пречек на македонската репрезентативка во традиционално таеквoндо, Христијана Парулеска

Охрид

Утре во 12 часот на градскиот плоштад свечен пречек на македонската репрезентативка во традиционално таеквoндо, Христијана Парулеска од Охрид, која беше прогласена за најдобра кадетка на Европското првенство што се одржува во италијанското летувалиште Јесоло.

Предвидено е по пречекот на плоштадот настанот да продолжи на бината кај ТЦ Амам спроти поштата.

Доколку временските услови не дозволат настанот ќе биде одржан во спортската сала „Билјанини извори“.

Please follow and like us: