Охриѓанец бил истепан од повеќе луѓе и му бил одземен клучот од возилото

Охрид Црна хроника

На 25.04.2023 во 18.45 часот во СВР Охрид, 33-годишен маж од Охрид пријавил дека околу 17.20 часот во угостителски објект во Охрид, лицата Б.М., А.А. и Н.А., сите од Скопје и уште неколку лица физички го нападнале и му го одзеле клучот од неговото патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки.

Според пријавеното, при нападот Б.М. го удирал со пиштол. Како што е пријавено, лицата му барале пари за наводен долг, за кој изјавил дека го вратил, а откако не им дал пари го нападнале.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид.

Please follow and like us:
Tagged