Охриѓанец извршил кражби на велосипеди во Охрид, Гостивар, Кичево и други места

Македонија Охрид Регион

На 25.04.2023 околу 10.30 часот на улица „Панче Поповски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 54-годишниот С.Ј. од Охрид.

Тој се сомничи дека на подрачјата на Гостивар, Кичево, Охрид и други места извршил повеќе кражби на велосипеди, кои потоа ги продавал во други места.

Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и против него ќе следува соодветен поднесок, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Please follow and like us: