На 03.05.2023 околу 13.00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле 36-годишен охриѓанец затоа што во угостителски објект во Охрид се однесувал агресивно и се заканувал на сопственикот.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.
Please follow and like us:

